Џастин Тимберлејк ја натерал да абортира, мајка ѝ ѝ давала алкохол во 8-мо одделение: Скандалозни детали што Бритни досега ги откри во книгата
Според пишувањата, пејачката абортирала во 2000-тата година кога имала само 18 или 19 години.
Како што раскажува пејачката, во светот на пороците навлегла мошне рано, па така се присетува како со мајка ѝ почнала да излегува на алкохолни коктели уште во осмо одделение.
Наводно, по завршувањето на учеството во шоуто The All-New Mickey Mouse Club, Бритни со семејството се вратила во Кентвуд, каде се надевала дека конечно ќе почне да води нормално детство, но тоа не се случило.
„Кога бев осмо одделение, јас и мајка ми возевме по два часа до Билокси, Мисисипи и додека бевме таму, пиевме коктели даикири.
Бев пресреќна што можев да пијам со мајка ми понекогаш“ – раскажува таа и додава дека во споредба со зависноста на татко ѝ од алкохол, нивните повремени излегувања не биле застрашувачки.
И третиот детаљ што долго време беше неразрешен, а на кој Бритни конечно даде одговор е причината заради која таа си ја избричи главата во 2007-ма година, пред да доживее нервен слом, по што двапати да биде сместена во психијатриска установа и 13 години беше заробена под легално старателство.
Според тогашните пишувања, пејачката влегла во фризерски салон и се жалела дека екстензиите премногу ја стегаат, па побарала да ѝ ја избричат главата, а откако вработените не сакале да ѝ ја исполнат желбата, таа сама ја избричила главата, додека папараците ја фотографирале низ прозорецот.
„Единствената емоција што ја покажа беше кога рече дека мајка ѝ ќе биде лута затоа што го направила ова со косата и очите ѝ се насолзија“ – раскажа во тоа време фризерот, присутен во салонот.
Сега, Бритни во својата книга раскажа што навистина се случило тој ден и, како што рече, била сосема свесна што прави кога посегнала по косата.
„Додека растев сите гледаа во мене. Ме гледаа и одгоре и оддолу, слушав како луѓето ми кажуваат што мислат за моето тело уште додека бев тинејџер.
Тоа што ја избричив главата и што се бунтував беше мој начин на одбрана“ – вели таа.
Според некои пишувања истиот ден Бритни освен што ја избричила главата одлучила да стави и две тетоважи, што потоа ќе резултира со тоа татко ѝ Џејми да ги земе конците во своите раце и таа 13 години да стане негова марионета.
„Долго време тие ја притискаа жената во мене. Сакаа да бидам дива на сцена, а робот во остатокот од времето“ – тврди таа и вели дека не го залужила она што нејзиното семејство ѝ го приредило.
Б. С. Б. | Црнобело