Клои Кардашијан со емотивна исповед за неверствата на Тристан Томпсон: „Заслужува да биде кастриран“
- Детали
- петок, 29 септември 2023
Клои Кардашијан можеби првпат прозборе како се чувствува за неверствата на Тристан Томпсон и изјави дека заслужува да биде кастриран. Притоа, ријалити ѕвездата нагласи дека поради него, секој ден од изминативе неколку години за неа бил тортура. Тој ја изневерувал дури и во моментот додека се породувала.
Неверствата на Тристан Томпсон додека беше во врска со Клои Кардашијан беа мошне сурови, особено кога ќе се земе предвид дека тој бил со друга жена дури и во моментот кога ријалити ѕвездата се породувала.
Обично Клои избегнуваше да зборува за ситуацијата со Тристан, но во ријалити шоуто на Кардашијанс откри што навистина мисли.
По смртта на мајка му, Тристан требало да се грижи за неговиот брат кој има епилепсија. Но, поради лошите временски услови во Лос Анџелес, покривот од неговата куќа се срушил.
Па, Клои без двоумење дозволила Тристан да живее во нејзината куќа со брат му.
„Лудото невреме го сруши покривот во куќат на Тристан и предизвика поплава. Па, Тристан и брат му престојуваат кај мене, додека да завршат поправките во неговата куќа“.
Тогаш Клои нагласи дека не му дала втора шанса на Тристан, туку само сакала да му помогне.
„Знам дека на сите им е тешко да веруваат, но го сакам брат му и го сакам Тристан, а семејствата треба да си помагаат. Тристан е татко на моите деца“.
Но, во ријалити шоуто таа откри дека Тристан останал подолго отколку што му дозволила.
„Веќе три недели живее во мојата куќа. Требаше да остане само две. Ќе му дадам уште една недела пред да му речам нешто“.
Во друга епизода од ријалити шоуто, Клои откри и што мисли за бројните неверства на Тристан.
Откако пријателка ја праша дали ќе се обиде уште еднаш да ја спаси врската, Клои само рече:
„Ако некој ѝ го направи на ќерка ми тоа што ми го направи Тристан, веројатно ќе го кастрирам… и ќе се смеам додека го правам тоа“.
Во меѓувреме, Тристан ѝ рече на Клои дека се чувствува лошо, па дури и дека не сака нивите деца да се срамат бидејќи им е татко.
Поради бурната врска со Тристан, Клои откри и дека 30-тите години од животот ѝ биле најлошите.
„Повеќето луѓе се плашат да наполнат 40 години. Но, јас ги мразев моите 30-ти… секој ден беше агонија.
Секако, имав некои прекрасни моменти во 30-тите – имам две убави деца. Но, покрај тоа, секој ден беше тортура.
Ова беше ужасна деценија. Но, сега сум подготвена. Всушност, гневна сум што годинава полнам само 39“.
За потсетување, Клои и Тристан почнаа да се гледаат во 2016-та, и оттогаш тој ја изневери безброј пати.
Најголемиот скандал беше кога се дозна дека ја изневерувал во мигот кога Клои ја раѓала нивната ќерка Тру.
Се разделија во 2019-та, а се смирија во 2020 година, за повторно да се разделат во јуни 2021-ва.
Тој период се дозна дека Тристан имал афера со жена со која добил и дете.
Во јули минатата година, тие добија уште едно дете од сурогат мајка, но веќе не се заедно.
Спирова С. | Црнобело