„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за силување
Освен овие 4, поголем број други жени тврдат дека биле жртви на физичко и емотивно насилство, сексуално вознемирување и булинг. Најголем дел од нив одлучија да останат анонимни.
Во петокот, еден ден пред информациите да бидат објавени во сите светски медиуми, Бренд сподели видео на социјалните медиуми каде ги отфрли сите обвиненија. Тој тврди дека сите врски биле секогаш во договор со девојките.
Инаку, Расел Бренд е познат актер кој беше во брак со пејачката Кети Пери. Тие двајца се запознале во 2009-та година за време на MTV Video Music Awards, по што започнале врска.
Се венчале во Индија во 2010-та година, но по само 14 месеци брак, парот се разведе. Наводно, Расел ја информирал Кети дека сака развод преку СМС порака.
Набрзо по ова, тој ја започна врската со Лаура Галачер, девојката со која актерот имал кратка врска, во периодот кога таа имала 18 години.
Набрзо потоа тие двајца почнале повторно да се гледаат, а потоа стапиле во брак и веќе осум години се заедно.
Според Daily Mail во периодот додека актерот се соочува со голем број обвиненија против него, Лаура е одлучна да остане покрај него и да го поддржи.
„Тоа што Расел го направил, било вo минатото, пред да ја сретне Лаура. Секако дека не ѝ е лесно, но Лаура е одлучна да ја надминат оваа криза“, тврдат блиски пријатели на сопругата на актерот за британските медиуми.
Б. С. Б. | Црнобело