Канибализам, силување, насилство – Мрачните обвиненија против актерот Арми Хамер
Во јануари 2021-ва, на Инстаграм профил направен од анонимна личност се појавија „скринштови“ од разговор помеѓу Арми и непозната жена.
Во морничавите пораки, Арми зборува за неговите фетиши кои вклучуваат насилен секс, пиење крв, па дури и канибализам. Во една од пораките, актерот вели дека сакал да ѝ ги скрши ребрата на жената.
Кратко потоа, и други жени почнаа да споделуваат слични искуства со актерот.
Актерот тврдеше дека дури и да сакал садо-мазо секс, секогаш го правел тоа со согласност на партнерките.
Но, жените тврдеа дека не се согласувале на многу работи и всушност биле исплашени од него.
Според некои извори, актерот имал и групен чет со неколку пријатели каде што споделувал експлицитни фотки од неговите партнерки, без тие да знаат.
Набрзо потоа се огласи и поранешна девојка на актерот која изјави дека психички ја малтретирал.
„Арми може да ви ја ’исцица‘ желбата за живот. Тоа ми го направи мене. Ми правеше работи кои воопшто не ги сакав“.
Како што гласните се засилуваа, актерот почна да губи улоги – најпрво од филмот Shotgun Wedding, а потоа од серијата The Offer.
На крај, тој добил отказ и од неговиот агент и неговиот портпарол.
Можеби најсериозните обвинувања против актерот потекнуваат од жена по име Ефи.
Според неа, таа и Арми се запознале во 2016-та, а околу четири години имале афера. Овој период Арми беше во брак.
„Веднаш се вљубив во него. Но, кога сега се присетувам, јасно ми е дека ме манипулирал за да може да ме контролира. Честопати ја тестираше мојата посветеност кон него – ги преминуваше моите граници и стануваше сè понасилен.
Ме малтретираше ментално, емоционално и сексуално. На 24-ти април 2017-та, Арми Хамер ме силуваше повеќе од четири часа.
Додека траеше силувањето, ми ја удираше главата од ѕидот. Ми правеше и други насилни работи на кои не се согласив“.
Арми и Ефи
Ефи изјави дека тепањето било секојдневие и дека таа почнала да се плаши дека ќе ја убие, а и самата почнала да размислува за самоубиство.
Жената вели дека последен пат го видела Арми во 2020-та.
По ова беше започната истрага, но актерот не беше уапсен бидејќи немало доволно докази против него.
Адвокатите на актерот, пак, тврдеа дека жената била опседната со актерот и постојано го следела, како и дека нејзините тврдења се лажни.
Подоцна адвокатката што ја застапуваше жената се откажа од случајот.
Во февруари 2023 година, Арми се огласи за обвиненијата.
Тој вели дека сакал садо-мазо секс, но никогаш не правел ништо без дозвола од партнерките.
Истовремено, актерот призна дека бил манипулативен и емоционално насилен во врските.
Сепак, нагласи дека никогаш не силувал, ниту дека физички нападнал жена.
Во истото интервју, актерот откри дека самиот бил сексуално нападнат од свештено лице кога имал 13 години.
Уште не е познато дали пораките што беа споделени на Инстаграм се навистина пишувани од актерот. Нема ни доволно докази кои ги потврдуваат сведочењата на потенцијалните жртви.
Што значи, никој не знае дали актерот навистина е толку свирепа личност.
За неговата актерска кариера може да се каже дека е завршена и наводно моментално тој има „обично“ работно место со многу мали приходи.
Не е познато дали неговото семејство уште е богато, но по низа лоши инвестиции и поделби во самото семејство, се претпоставува дека сумата е многу, многу ниска.
Спирова С. | Црнобело