Ја нарекуваат „шпанската Ким Кардашијан“, му го прости неверството на сопругот – Која е полусестрата на Енрике Иглесијас?
- Детали
- сабота, 02 септември 2023
Тамара Фалко е една од полусестрите на Енрике Иглесијас. Тие имаат иста мајка – познатата шпанска водителка Изабел Прејслер. Годинава Тамара стапи во брак, но претходно ја раскина свршувачката со саканиот откако дозна дека ја изневерил.
Енрике Иглесијас е син на популарниот пејач Хулио Иглесијас. Познатиот музичар кој денес има 79 години своевремено беше познат како „женкар“, па не е ни чудно што Енрике Иглесијас има десет браќа и сестри.
Некои шпекулираат дека поради бројните љубовни авантури, тој можеби има и други деца.
Повеќето браќа и сестри на Енрике се држат понастрана од јавноста, но неговата полусестра Тамара Фалко е мошне позната во Шпанија.
Интересно е што Тамара не е ќерка на Хулио, туку со Енрике имаат иста мајка – Изабел Прејслер.
Изабел е позната водителка која ја сметаат за најдоброоблечената жена во Шпанија.
Тамара (десно) со мајка ѝ Изабел (лево)
Тамара, пак, неретко е нарекувана „шпанската Ким Кардашијан“ бидејќи има свое ријалити шоу (Lady Tamara) и е една од најпопуларните жени во Шпанија.
41-годишната Тамара од неодамна е во брак со 34-годишниот Индиго Онева.
Тие се венчаа ова лето, а на прославата присуствувале 400 гости.
Иако сега изгледаат среќно и редовно споделуваат фотки од луксузните патувања, Тамара и Индиго имаа сериозни проблеми и пред венчавката беа разделени.
Парот се запозна во 2020 година, а се свршија во октомври 2022-ра.
Но, не поминаа ни три дена кога целиот свет дозна дека Тамара ја раскинала свршувачката бидејќи Индиго ја изневерил.
Околу 24 часа откако Тамара се пофали со свршеничкиот прстен, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое Индиго се бакнува со друга жена на фестивалот Burning Man.
На почетокот Индиго тврдеше дека видеото е од 2019-та, односно пред да ја запознае Тамара.
Сепак, се дозна дека видеото било од 2020-та, по што Тамара ја раскина свршувачката и ги избриша фотките од Инстаграм.
Набрзо потоа, Индиго се огласи за неверството:
„На видеото што се споделува јас се однесувам неприфатливо. За ова навистина жалам. Се извинувам што не бев искрен и јавно им се извинувам на Тамара и нејзиното семејство.
Вистински ја сакам Тамара и таа е жената на мојот живот, па жалам што ја повредив“.
На почетокот изгледаше дека на врската на Тамара и Индиго навистина ѝ дошол крајот, но по некој период тие почнаа да споделуваат заеднички фотки на Инстаграм.