Егзотични патувања, скапи подароци: Како изгледа животот на дадилката на Клои Кардашијан?
- Детали
- недела, 27 август 2023
Дадилката која се грижи за децата на Клои Кардашијан е важен дел од семејството на ријалити ѕвездата, па редовно оди со нив на патувања и имала можност да ги посети најатрактивните дестинации во светот.
Андреза Купер е дадилка која работи за познати личности, а моментално е вработена од страна на Клои Кардашијан.
Андреза се грижи за децата нa ријалити ѕвездата кога одат на патувања, па неодамна уживаше во Тоскана во друштвото на Кардашијанс.
Таа редовно споделува фотки и видеа на Инстаграм Стори со кои покажува дека ужива во раскошот што ѝ го нуди Клои.
Андреза, Клои и децата летале до Тоскана со приватниот авион на Кајли, а штом стигнале биле пречекани со цела гозба.
Дадилката вели дека покрај добрата плата, најдобрата страна од нејзината работа е тоа што има можност да ги посети најпознатите дестинации во светот, вклучувајќи ги Туркс и Кајкос, Бахамите, Рим, Париз и Индонезија.
„Убавото нешто што ми го даде оваа работа се патувањата. Секогаш се предизвик и заморни и треба да работам многу.
Но, можноста да видам и да искусам други култури ме прави среќна“.
Очигледно, Андреза е важен дел од семејството Кардашијан, па редовно добива изненадувања од Клои.
На пример, за 37-иот роденден Клои ја изненадила со појадок, а потоа и со забава.
Неретко, Клои ѝ купувала и скапи подароци.
Андреза потекнува од Бразил, а на 14-годишна возраст се преселила во Португалија. Оттука, на 25 години се преселила во Америка со сестра ѝ.
Тој период почнала да работи како дадилка, а има изјавено дека веднаш се вљубила во работата.
Кога е слободна, Андреза им дава совети на другите дадилки на Инстаграм.