На 92 години менува девојки, има 6 деца од 3 жени – Бурниот љубовен живот на милијардерот Руперт Мурдок
- Детали
- недела, 20 август 2023
И во 10-тата деценија од животот, Руперт Мурдок раскинува свршувачки и си наоѓа нови (многу помлади) девојки. Покрај тоа, милијардерот не чека многу откако ќе се раздели од некоја партнерка и почнува нова врска по само неколку месеци. Бурниот љубовен живот на познатиот милијардер.
Деновиве милијардерот Руперт Мурдок повторно се најде во медиумите поради неговиот љубовен живот.
92-годишниот тајкун до неодамна беше свршен со 25 години помлада жена, а не чекал долго по раскинувањето за да најде нова љубов.
Моментално милијардерот е во врска Елена Жукова – 66-годишна жена која пред пензија била молекуларен биолог.
Наводно, Руперт ја запознал преку неговата трета сопруга – Венди Денг.
Па, не е ни чудно што во јавноста, милијардерот дефинитивно привлекува повеќе внимание со љубовниот живот отколку со кој било друг аспект од неговиот живот.
Кои се досегашните сопруги, свршеници и девојки на 92-годишниот Руперт Мурдок (за кои јавноста знае)?
Патриција Букер
Патриција била стјуардеса од Мелбурн, а Руперт се венча со неа во 1956-та, на 25-годишна возраст.
Наводно, неговата мајка била против нивната врска, но ова не ги спречило да стапат во брак.
Парот доби едно дете – ќерката Пруденс – а се разделија по 11 години, односно во 1967-ма.
Ана Мурдок Ман
Кога се запознале, Ана работела во еден од весниците на Руперт – Daily Mirror – и побарала да му направи интервју.
Подоцна, во 2001-ва, Ана изјави дека се вљубила во него на прв поглед. И Мурдок даваше слични изјави.
Ова е најдолгиот бран за Руперт и траеше дури 32 години. Парот доби три деца – Елизабет, Локлан и Џејмс.
Се разведоа во 1999 година, и тоа поради наредната сопруга на Руперт.
Според гласините, Ана добила 1,7 милијарди долари во разводот.
Венди Денг
Руперт и Венди се запознале додека тој уште беше во брак со Ана, кога Венди имала 29 години.
Руперт, кој е 37 години постар од неа, се разведе од Ана и се венча со Венди само 17 дена подоцна.
Тие добија две деца – Клои и Грејс.
Додека беа заедно, Венди беше обвинета дека имала афера со поранешниот премиер на Обединетото Кралство – Тони Блер.
Наводно, Руперт видел мејл напишан од Венди, а ова било доволен доказ за него.
Па, во 2014-та, тој се разведе од Венди и прекина секаков контакт со Тони Блер.