„Сега само сакам да се забавувам“ – Рики Мартин се огласи по разводот + факти за неговиот пропаднат брак со Џуан Јозеф
-->
Џуан е 13 години помлад од Рики и тие двајца се запознале во 2015-та година, кога пејачот на интернет случајно ги видел уметничките дела на неговиот сопруг.
Тој во една пригода откри дека му се допаднале уметничките дела, по што одлучил веднаш да стапи во контакт со него.
Во тоа време Џуан живеел во Лондон и тие двајца долго се допишувале и прво разговарале само за уметноста и животот. Но, по 6 месеци Рики одлучил да отпатува во Лондон и да се запознаат со Џуан.
„Кога го видов мојот сопруг му реков: ‘Ќе стапам во брак со тебе’, а додека се запознававме си помислив: ‘Ова е љубовта на мојот живот’“ – рече Рики во една изјава.
-->
Набрзо по запознавањето Рики одлучил да го запроси Џуан, а во 2018-та година се венчаа во тајност во Лос Анџелес на церемонија на која присуствуваа нивните семејства, како и близнаците Матео и Валентино што пејачот претходно ги доби од сурогат мајка.
Истата година, парот ја доби ќерката Лучиа, а во 2019-та година синот Рен. Во тоа време тој даде изјава во која рече дека планира да направи 4-дневна прослава по повод свадбата со Џуан и дека сака на забавата да присуствуваат сите нивни деца.
Но, очигледно според најновите изјави на Рики, нивниот однос се влошил набрзо потоа.
-->
-->
На прашањето за тоа како реагираат нивните деца на неговиот брак со Џуан, Рики во една пригода рече:
„Моите деца ме прашуваат зошто имаат двајца татковци и ние им велиме дека сме модерно семејство. Тоа е навистина ослободувачко чувство“.
-->
Според последните информации, Рики ќе продолжи сам да се грижи за четирите деца.
-->
Инаку, минатата година Рики се најде среде скандал кога неговиот внук го обвини за семејно насилство и сексуално вознемирување и побара забрана за пристап, по што се огласија неговите портпароли и рекоа дека се работи за лице со длабоки ментални проблеми и дека пејачот никогаш не би посегнал по својот внук.
Прочитајте и Девојките на Рики Мартин пред да признае дека сака мажи – со една бил 10 години и сакал заедничко дете
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година
„Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ
Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...