Никол Шерцингер јаде лубеница, Селена Гомез на сладолед со другарките - Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе
- Детали
- недела, 13 август 2023
Кога позираат изгледаат средено и совршено, но факт е дека и славните се само „обични“ луѓе кои не се секогаш дотерани и средени, па понекогаш им се случува фотографите да ги „уловат“ и во мигови кога не сакаат да бидат фотографирани.
Џенифер Анистон има милиони на својата сметка, но тоа не значи дека сама не си ги подига пратките што стигнувааат на нејзината адреса, а принцот Хари иако е член на најпознатото кралско семејство чека ред на аердором како обичните луѓе за да го чекира билетот.
Тие што ги следат објавите на Никол Шерцингер и нејзиниот свршеник Том Еванс знаат дека тие двајца постојано се некаде на одмор, но тоа не значи дека јадат само кавијар и пијат шампањско, туку и тие се разладуваат со лубеница.