Криси Тајген и Џон Леџенд првпат на летување со сите 4 деца, манекенката изгледа одлично 8 месеци по породувањето
- Детали
- вторник, 08 август 2023
„Прв одмор како семејство од 6 члена. Засега сè е одлично“, напиша музичарот Џон Леџенд и објави неколку идилични семејни фотографии на Инстаграм, откако пред околу два месеци ја изненадија јавноста дека со Криси добиле дете со помош на сурогат мајка.
Манекенката Криси Тајген и музичарот Џон Леџенд се на прв заеднички одмор со сите 4 деца – ќерките Луна Симон (7) и Ести Максин (8 месеци) и синовите Мајлс Теодор (5) и Врен Александер (7 седмици).
Познатата двојка објави фотки и видеа на своите профили на Инстаграм и сподели дел од атмосферата на летувањето.
Тие не ја открија локацијата, но покажаа дека уживаат во луксузна вила со базен и дека децата одлично се забавуваат.
„Прв одмор како семејство од 6 члена. За сега сè е одлично“, напиша Џон на фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
„Колку среќно семејство“, „Оддавате идилична слика, заљубена сум во вас и вашите деца“, „Земете ме со вас, мислам дека ќе се забавуваме супер сите заедно“, се дел од коментарите.
Криси, која на 13 јануари 2023 ја роди ќерката Ести, доби комплименти дека изгледа одлично 8 неполни месеци по породувањето.
„Мајчинството ти годи навистина, изгледаш совршено“, велат нејзините следбеници.
Сепак, Криси и Џон ја изненадија јавноста кога на 19 јуни објавија дека добиле уште едно дете, овојпат преку сурогат мајка.
„Сакаме да ти се заблагодариме за овој прекрасен подарок што ни го даде, Александра. И пресреќни сме да му кажеме на светот дека е овде, со име засекогаш поврзано со тебе, Рен Александер Стивенс.
Нашите срца, нашиот дом е полн“, напишаа тогаш во објавата.
Две години претходно, во 2021 година, парот откри дека го изгубиле бебето кога Криси била во 20-тата недела од бременоста. Но и тогаш манекенката кажа дека сака да има многу деца.