Бил насилен, предизвикал сообраќајка: Сите скандали што „кружеа“ за Ангус Клауд пред да почине на возраст од 25 години
Кордеро се обидел повторно да го натера Ангус да оди на рехабилитација, но залудно. Актерот нашол начин како да продолжи со пороците и во клиниката, а потоа излегол порано за да почне да работи на снимањето нa филмот Your Lucky Day.
По ова, актерот станал мошне агресивен кон својот агент, па вербално го напаѓал и не му давал плата.
Наводно нивната соработка престанала во мигот кога Ангус бил толку многу под дејство на опојни супстации што дури и агентите на аеродром не му дозволиле да се качи во авион, по што почнал да бара друг агент.
„Само ја споделувам мојата приказна. Не сакам само да најдам утеха и лек, туку и да ги инспирирам другите можеби се трудат да ги кажат своите проблеми во индустријата каде најчесто луѓето се замолканти“ – рече тогаш агентот.
Инаку, само два месеци пред неговиот агент да излезе со приказната, дел од медимумите пишуваа дека актерот предизвикал сообраќајна несреќа и побегнал од местото.
Според изјави на очевидци, Клауд бил заедно со уште еден сопатник кога удриле во друг автомобил и побегнале од местото.
Во тоа време, полицијата ниту го отфрли, ниту пак го потврди присуството на Ангус, но нагласија дека трагаат по едно лице што е познато како актер во серијата Euphoria.
Според последните информации, една недела пред смртта, актерот бил во Ирска за да присуствува на погребот на својот татко, а потоа се борел со суицидни мисли и се обидувал да се избори со неизмерната тага додека престојувал во семејниот дом, каде беше пронајден мртов.
Б. С. Б. | Црнобело