„На децата во лето треба да им е здодевно, за да сакаат да учат“ – Какви родители се Ева Мендез и Рајан Гослинг?

На децата треба да им е здодевно

Во едно интервју Ева ја збуни публиката кога рече дека на нејзините деца сака да им биде здодевно во текот на летото.

„Летата што ги сакав како дете и на коишто се сеќавам се оние кога не правев ништо, нели?

Пораснав во Лос Анџелес, па постојано ни беше здодевно, па топлото време и здодевноста те тераат да сакаш да се вратиш во училиште“ – рече таа.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-10.jpg

Не објавуваат фотографии од децата на социјалните медиуми

Ева во една пригода откри зошто не сака да објавува фотографии од ќерките на социјалните мрежи, а нејзината изјава беше поздравена од многумина.

„Отсекогаш имав јасни граници кога станува збор за мојот маж и за моите деца. Ќе зборувам за нив секако, во одредена мера, но нема да објавам нивни фотки.

Моите деца се сѐ уште многу мали и не знаат што значи нивната фотка да биде објавена и не можам да имам нивна согласност. И нема да ја објавам нивната фотографија сѐ додека тие не бидат доволно возрасни за да може да се согласат со тоа“ – рече Ева.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-11.jpg

Не сакаат да го променат карактерот на своите деца

Ева рече дека нејзините деца имаат свој карактер и дека е прекрасно да ги гледа како растат во млади жени.

„Се чувствувам дека само треба да им се тргнам од патот. Да ги заштитам, но да им дозволам да бидат што сакаат. Се трудам да не им го наметнувам своето мислење, што е она што тие треба да го сакаат“ – рече таа.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-07.jpg

Прочитајте и Ева Мендез ја жртвуваше кариерата за да му се посвети на семејството – што знаеме за нeјзината врска со Рајан Гослинг?

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg