„Тоа беа најтешките секс сцени“: Зошто за Антонио Бандерас бил вистински кошмар да работи со Анџелина Џоли?

„Снимањето секс сцени со Анџелина Џоли е како да снимаш сцена во која паѓаш од коњ“ – рече во една пригода Антонио Бандерас, кој во 2001-ва година имаше можност да го снима филмот Original Sin со убавата актерка. Зошто ова биле најтешките секс сцени што некогаш ги снимил?

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-01.jpg

Во 2001-ва година, Анџелина Џоли и Антонио Бандерас го снимија филмот Original Sin кој ќе остане запамтен по провокативните секс сцени, но и по тоа што доживеа голем неуспех во поглед на гледаноста.

Снимен со буџет од 42 милиони долари, филмот едвај успеа да собере 35,4 милиони долари во киносалите, а критичарите воопшто не беа задоволни од ова остварување.

Дури, Анџелина Џоли беше номинирана за „Златна малина“ за најлоша актерка по улогата во овој филм.

Original Sin е адаптација на романот Waltz into Darkness од Корнел Волрич, а ја следи приказната за една жена која заедно со својот љубовник прави план да се омажи за богат земјопоседник, со цел да му ги земе парите.

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-02.jpg

Ова е филм исполнет со смели секс сцени, а актерот Антонио Бандерс во една пригода откри дека нивното снимање за него било вистински кошмар.

Интересно е што режисерот Мајкл Кристофер во тоа време имал други планови, но голем број од снимените секс сцени морале да бидат отстранети за филмот да добие дозвола да се прикажува за публика над 17 години.

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-03.jpg

Бандерас во својата кариера снимил безброј секс сцени, но вели дека тие со Анџелина Џоли биле најтешките во неговата кариера. Како што рече, нештата не биле толку забавни за снимање како што изгледаат.

„Снимањето секс сцени со Анџелина Џоли е како да снимаш сцена во која паѓаш од коњ. Мора да направиш да изгледа реално, но не е.

Моравме да снимиме мошне интензивна секс сцена во Original Sin, но, во реалноста нештата не се такви како што изгледаат на екран“ – рече тој.

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-04.jpg

Актерот рече дека му биле поставени многу ограничувања заради кои морал да биде креативен.

„Не смеев да ја допрам затоа што имаше тетоважи насекаде и мораа да ги прекријат со шминка, па требаше да внимавам за да не ја избришам шминката“ – појаснува тој.

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-05.jpg

Освен што филмот им задавал главоболки додека работеле, исто така тој имаше влијание и врз нивниот приватен живот.

Во тоа време Анџелина беше во брак со Били Боб Торнтон, а Антонио беше во брак со Мелани Грифит, а актерката воопшто не беше задоволна кога во таблоидите почнаа да кружат гласини за наводна афера.

„Зборувате за маж кој е многу вљубен во својата сопруга и има прекрасни деца со неа. Тие се прекрасно семејство.

Јас, од друга страна, сум лудо вљубена во мојот сопруг и имаме одлична врска, па самата идеја дека некој од нас би сакал да го изневери партнерот е навредлива и ме разлутува“ – рече тогаш актерката.

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-06.jpg

Од друга страна, Мелани Грифит често знаела да помине на снимањето на филмот и да се поздрави со сопругот.

Анџелина во една пригода рече дека токму Мелани била таа што го поттикнала Антонио да ја прифати улогата во Original Sin.

tie-mu-bile-najteshkite-seks-sceni-vo-zhivotot-zoshto-za-antonio-banderas-bil-vistinski-koshmar-da-raboti-so-andjelina-djoli-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Анџелина Џоли најмила убиец во младоста за да ја убие: „Тој ме премисли – ме натера да сфатам дека т... „Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво па да го побарам по два месец...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg