Рене Зелвегер (54) ќе се мажи за 10 години помлад водител, откако не успеа да го одведе пред олтар Бредли Купер
- Детали
- среда, 19 јули 2023
Беше заљубена во Џим Кери, Кени Чесни и Бредли Купер, а сепак Рене Зелвегер немаше среќа во љубовта. Но, се чини дека актерката најпозната по улогата во филмот Bridget Jones's Diary, конечно ја пронајде својата вистинска љубов со 10 години помладиот британски водител.
Актерката Рене Зелвегер (54) по 2 години врска ќе се мажи со британскиот водител Ант Анстед (44).
Веста за нивната свршувачка дојде само неколку дена откако Ант објави прва фотка со Рене и две од неговите три деца, дотерани за настан, пишува Daily Mail.
Рене и Ант се заедно од 2021 година.
Ова ќе биде втор брак за Рене, која беше мажена за кантри пејачот Кени Чесни, а трет за Ант.
Познатиот британски водител беше оженет со Луиз од 2005 до 2017 година и парот има две деца, ќерката Амели и синот Арчи.
Во 2018 година тој се ожени со Кристин Хол, а по една година го добија синот Хадсон.
Се разведоа во 2021 година, а брзо потоа Ант ја запозна Рене.
Иако Рене и Ант не зборуваат често за нивната врска, американските медиуми, повикувајќи се на блиски пријатели на актерката, пишуваа дека Рене е конечно вистински среќна во љубовта и дека Ант е нејзината сродна душа.
Популарната Бриџит Џонс, ликот по кој најмногу ја препознаваат, низ годините како да немаше среќа во љубовта, иако беше во врска со многу познати мажи.
Кого сакаше Рене Зелвегер низ годините?
Во 1999-та година Рене го запозна актерот Џим Кери за време на снимањето на филмот Me, Myself and Irene.
Беа лудо вљубени и по една година во врска, Кери ѝ даде веренички прстен вреден 200.000 долари.
Но, во 2000-та година тие одлучија да раскинат.