Рене Зелвегер (54) ќе се мажи за 10 години помлад водител, откако не успеа да го одведе пред олтар Бредли Купер
Во 2002-та година Рене го запозна музичарот Џек Вајт со кого беше во врска до 2004-та.
Парот се појави заедно на доделувањето на Оскарите.
Во 2005-та година Рене се омажи со кантри музичарот Кени Чесни.
Целата церемонија се случи на плажа, а траеше 15-тина минути. По 4 месеци таа побара поништување на бракот и тврдеше дека е жртва на „измама“.
Тогаш многумина шпекулираа дека Рене барала бракот да биде поништен затоа што нејзиниот сопруг е хомосексуалец.
Во 2009-та година Рене почна врска со уште еден познат холивудски актер - Бредли Купер.
Тие беа заедно 2 години, а заедно доживеаја и една трагедија. Една вечер додека гледале филм во куќата на Бредли избувнал пожар. За среќа двајцата актери успеале да се спасат без повреди, но актерката вели дека тоа било мошне трауматично искуство за неа.
Имаше повеќе шпекулации поврзани околу нивната разделба, меѓу кои и дека Бредли ја изневерувал Рене, но тоа никогаш не се потврди.
Таа во една пригода таа кажа дека Купер ѝ е најголемата љубов, па запрашана дали би сакала да создаде семејство со него, таа само се насмевна, што јавноста го протолкува како потврден одговор.
И покрај големата љубов, Рене не успеа да го одведе Бредли пред олтарот.
Во 2012 година Рене почна да се гледа со продуцентот и музичар Дојл Брамхал, кого го запознала уште во студентските денови на Универзитетот Тексас.
Наводно, ова била токсична врска, а Рене го издржувала финансиски додека тој се справувал со разводот од неговата поранешна сопруга и му отплаќала стари долгови.
И покрај тоа, тие остана заедно до 2019 година.
Новата љубов Зелвегер ја пронајде во британскиот водител Ант Антстед.
Актерката нема социјални мрежи, но водителот на својот Инстаграм повремено споделува заеднички фотки и не крие колку се заљубени, а во секоја пригода наоѓа начин да каже колку е прекрасна.
Се чини дека Рене, конечно, ја пронајде вистинската љубов.
А. Ј. | Црнобело