Компликација од операција за намалување на желудникот и опијати - Откриена причината за смртта на ќерката на Елвис Присли
Според извори на TMZ, на 12-ти јануари куќната помошничка ја нашла Лиза без свест. Бившиот сопруг, со кого Лиза живееше, повикал брза помош и пробал да ја врати во живот.
Изворот тврди дека кога пристигнала брза помош, на Лиза ѝ дале најмалку една доза адреналин со надеж дека ќе ѝ го вратат пулсот.
Откако успеале, ја пренеле во болница.
Наводно, Лиза пробала да ослабе за важен настан, па пред смртта редовно користела опијати.
Два месеца пред Златните глобуси, направила пластична операција, а притоа следела строга диета со која ослабела 22 килограми. За слабеењето, Лиза пиела и апчиња за слабеење, но не е познато за кој бренд станува збор.
Низ годините, Лиза беше на рехабилитација барем петпати и успеа да се „исчисти“.
Но, се претпоставува дека повторно почнала да користи опијати по самоубиството на синот.
Според Daily Mail, предозирањето со опијати може да предизвика застој на срцето кај луѓе кои извесен период биле „чисти“.
Бидејќи Лиза долг период не ги користела, кога почнала пак, нејзината толеранција била намалена, па веројатно и ова имало удел во нејзината смрт.
Прочитајте и: Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додека татко ѝ умира
Спирова С. | Црнобело