Компликација од операција за намалување на желудникот и опијати - Откриена причината за смртта на ќерката на Елвис Присли
- Детали
- петок, 14 јули 2023
Неколку месеци по смртта на 54-годишната ќерка на Елвис Присли, се откри дека починала од блокада на цревата од операција за слабеење. Истовремено, во нејзиниот организам имало траги од неколку вида лекови и опијати, а кратко пред смртта направила пластична операција и ослабела 20 килограми.
Ќерката на Елвис Присли – Лиза Мари Присли – почина на 12-ти јануари 2023-та, на само 54 години.
Дури сега во јавност е споделена причината за смртта – компликации од операција за слабеење. Истовремено, во крвта на Лиса биле најдени опијати.
Ќерката на познатиот музичар беше итно однесена во болница на 12-ти јануари, откако имала застој на срцето.
Извештајот од аутопсијата покажал дека смртта настапила поради блокада на цревата.
Блокадата била предизвикана од операција за намалување на желудникот која Лиза ја направила пред неколку години. Во извештајот е истакнато дека ова е долгорочна компликација која се случува кај дел од ваквите операции.
Во крвта на Лиза имало остатоци од опијат за болка познат како oxycodone, кој наводно може да предизвика зависност. Истовремено, биле најдени траги и од друг опијат – buprenorphine – кој се користи за третирање зависникот од опијати.
Во организмот имало и траги од лек за проблеми со менталното здравје.
Лиза ја направила операцијата пред неколку години. Според извештајот, таа имала проблеми со претерување со лекови, односно, заборавала дали и кога ги испила препишаните лекови, па неретко пиела двојни дози.
Во извештајот е наведено и дека Лиза имала историја со зависност од дрога и алкохол.
Само два дена пред смртта, Лиза присуствуваше на доделувањето на Златни глобуси со мајка ѝ Присила.
Уште тогаш Лиза не беше во најдобра форма – изгледаше бледо и изморено, а додека ја интервјуираа на црвениот тепих не можеше да држи рамнотежа и се потпираше на пријателот кој беше со неа и мајка ѝ.
10 дена по нејзината смрт, стотици луѓе присуствуваа на меморијалната служба во Мемфис, додека преносот го следеа над 1,5 милиони луѓе. Лиза беше погребана до нејзиниот син кој се самоуби.