Марго Роби со испукани петици на црвениот тепих ги разочара фановите (фото)
- Детали
- среда, 05 јули 2023
„И Марго е како секоја друга жена со реални проблеми. Но, ми го урна митот за совршените стапала“ - велат фановите, откако актерката се појави на црвениот килим со испукани петици, а во „Барби“ филмот ги имаше најнежните стапала на светот.
Актерката Марго Роби, која во трејлерот за филмот Barbie има совршени нежни стапала, на премиерата на филмот во Сеул дојде со испукани петици.
Роби, исто како и нејзиниот лик, беше облечена во розова комбинација од Versace и носеше розови сандали на висока потпетица. Но, овојпат вниманието не го привлече со нејзиниот беспрекорен изглед, туку со распуканите петици.
Daily Mail објави неколку фотки од актерката, по што фановите почнаа да коментираат дека се разочарани од нејзините стапала, за кои сметале дека се совршени.
Уште кога се појави трејлерот за Barbie многумина коментираа дека сакаат да купат билети за филмот за да ги видат на големото платно нејзините стапала.
„Може ли да позборуваме малку за тоа колку се совршени стапалата на Марго Роби?“, „Знам луѓе кои ќе одат во кино само за да ги видат нејзините нозе одблизу“, се само дел од коментарите.
Сепак, коментарите се сменија по премиерата на филмот во Сеул, па сега фановите не го кријат своето разочарување.
„И Марго е како секоја друга жена со реални проблеми на нозете. Но, ми го урна митот за совршените стапала“, „Којзнае колку се средувани снимките за филмот, сега веќе не сум сигурна дека сакам да го гледам“, стои во коментарите.
Филмот за најпопуларната кукла Барби имаше светска премиера на 09-ти јули. Ликот на Кен го глуми Рајан Гослинг.
Погледнете го трејлерот за филмот:
А. Ј. | Црнобело