Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ја види ќерката?
По ова, Џејси заминал во Хонгконг каде во 2004-та година го објавил својот прв албум, кој бил вистински неуспех, но тоа не го натерало да се премисли. Во 2014-та година во целиот свет ќе биде информацијата дека Џејси е уапсен во Пекинг.
Властите го уапсиле заради поседување и дистрибуција на опојни супстанции, и затоа што им овозможил простор на пријателите да уживаат во неговиот стан во Пекинг, по што добил затворска казна од 6 месеци.
Татко му, Џеки кој важи за светски амбасадор против користењето опојни супстанции и алкохол се чувствувал мошне засрамено од однесувањето на неговиот син.
По ова, тој рече дека нема намера на синот да му остави ниту цент, а целото богатство стекнато од долгогодишната кариера ќе го остави во добротворни цели.
Со оглед на тоа што за Џејси честопати се пишува дека се однесува расипнички, Џеки рече дека одлуката да не му го остави наследството е со цел да го научи синот дека треба сам да ги заработува парите и дека најмногу жали што не го пуштил во војска кога бил млад.
„Ако е способен сам ќе си заработи пари. Ако не е способен, само ќе ги потроши моите“ – рече Џеки во една пригода.
Освен Џејси, Џеки има уште една ќерка која ја добил од аферата со Мис Хонгконг Елејн Нг.
Ета Нг (или Џиао Лонг Ну) била родена во 1999-та година, но и покрај тврдењата на нејзината мајка Џеки никогаш не сакал да биде вклучен во животот на девојчето, а на почетокот тврдел дека тој не е нејзин татко.
Во 2013-та година, Џеки за првпат се отвори за односот со ќерка му и рече дека честопати му се случува да се расплаче за време на снимањето сцени кои го потсетуваат на неговата ќерка.
„Ја занемарував многу долго време“ – призна актерот.
Инаку Ета, во 2018-та година даде изјава и рече дека таа и нејзината девојка живееле како бездомници, благодарение на нивните хомофобични родители кои не ја прифаќале нивната љубов.
Таа се омажи за канадската инфлуенсерка Енди Отон, која во изјава за медиумите откри дека Ета има проблеми со емоциите, па заради тоа редовно посетува психолог, а честопати во медиумите се појавуваат фотографии на кои се гледа како таа чека во редици за бесплатна храна.
Б. С. Б. | Црнобело