Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ја види ќерката?
- Детали
- недела, 09 јули 2023
„Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – со оваа реченица Џеки Чен појаснил зошто не планира богатството да му го остави на синот, а малкумина знаат дека тој има уште една ќерка од афера, која живее на раб на сиромаштија и чека редици за бесплатна храна.
Џеки Чен (69) е еден од најпознатите актери кој изгради кариера благодарение на филмовите со боречки вештини, кои беа мега популарни во последните 40-тина години.
Тој е еден од омилените актери и филмски продуценти во светот кој на својата сметка има околу 400 милиони долари, но на приватен план, актерот има и своја мрачна страна.
Тој има две деца, а многупати наишол на критики кај јавноста заради тоа како ги третира и се однесува кон своите деца: синот Џејси Чен (40) и ќерката Ета Нг (23).
Во 1981-ва година тој ја запознал убавата тајванска актерка Џоан Лин со која соработувал и тие двајца започнале романтична врска. Според некои пишувања, во тоа време, Џоан била пославна од нејзиниот сопруг, а двајцата одлучиле да се венчаат во тајност во Лос Анџелес во 1982-ра година.
Еден ден по стапувањето во брак, Џоан го родила нивниот единствен син Џејси Чен.
Во тој период Џеки бил на врвот на својата слава и синот го гледал само по две седмици во цела година, а неговата сопруга Џоан, за да му надомести на синот затоа што татко му не е присутен, му овозможувала на Џејси сѐ што ќе посака.
Џеки никогаш не се сложувал со начинот на којшто Џоан се грижела за нивниот син. Со оглед на тоа што тој бил роден во ужасни услови од родители бегалци кои не можеле ниту да платат за неговото раѓање, актерот уште од најмала возраст морал да развие дисциплина и да ги цени малите работи во животот.
На 6-годишна возраст татко му емигрирал во Австралија, да работи како готвач во Американската Амбасада, а Џеки бил испратен во кинеската академија за драма.
Тој раскажува дека неговите денови се состоеле од целодневен тренинг. Па така, часовите за глума му почнувале во 5 часот наутро, а траеле до 11 часот навечер, со паузи за ручек и вечера.
Кога не се однесувал соодветно го тепале со бастун, кога ќе се разболел му велеле дека мора да издржи и да продолжи да тренира кунг фу.
Оттука, сосема станува јасно зошто актерот не можел да се помири со фактот што неговиот син бил разгален и невоспитан.
„Кога беше тинејџер, дефинитивно сметав дека Џејси не се вложува доволно. Јас работев по цел ден и одев да трчам навечер и кога ќе си дојдев дома и ќе видев дека си легнал уште во 9 часот ќе прашав: ‘Зарем веќе спие?’
По ова во видно лошо расположение ќе продолжев да трчам, размислувајќи што правев јас на негова возраст...“ – раскажува Џеки во своите мемоари.
Џејси се одлучил да се откаже од колеџ по прва година и рекол дека планира да се занимава со музика, иако неговите родители не се сложувале Џејси да се занимава со шоу бизнис.
Според други извори, пак, Џејси бил избркан затоа што бил фатен дека пие прекумерно алкохол и воопшто не посетил настава 2 семестри.