„Кажав да“: Романтично запросување на Никол Шерцингер (44) на Хаваи, по три години врска
- Детали
- среда, 28 јуни 2023
Том Еванс ја побара раката на Никол Шерцингер за време на нивниот одмор на Хаваи, а пејачката ги сподели убавите вести со Инстаграм објава.
Никол Шерцингер се сврши со Том Еванс по три години врска. 38-годишниот рагбист ја побара раката на 44-годишната пејачка за време на нивниот одмор на Хаваи.
Никол ги сподели убавите вести со објава на Инстаграм:
„Реков да“, стои во описот.
Пејачката носи долг бел фустан со син дезен, во комбинација со шешир, додека Том е во лежерно издание со кошула и шорцови.
На едната фотка се гледа мигот кога рагбистот е клекнат на едно колено, а на втората парот позира со широки насмевки.
Никол и Том се запознаа кога пејачката беше судија на X Factor во 2019-та. Речиси веднаш почнаа врска и оттогаш се практично неразделни.
Во февруари годинава се појавија гласини дека се разделиле, но парот докажа дека тоа не е воопшто точно.
Според извори блиски до нив, нивната врска е прекрасна и заедно се пресреќни.
Претходно, Никол беше во подолга врска со возачот на Формула 1 Луис Хамилтон. Тие се запознаа во 2007-ма и неколкупати раскинуваа и се смируваа, а конечно ставија крај на врската во 2015-та.