Помодрено око, исечена веѓа – Бебе Реџа ги покажа повредите откако беше удрена со телефон на концерт (фото+видео)
- Детали
- вторник, 20 јуни 2023
По инцидентот на нејзин концерт во Њујорк, кога некој од публиката ја погоди со телефон во лице, Бебе Реџа ги покажа повредите од ударот – едното око ѝ е помодрено, а има и исеченица под веѓата. Нападот врз пејачката со дебарско потекло беше осуден на социјалните мрежи...
Во неделата (18.06) Бебе Реџа одржа концерт во Њујорк кој заврши со инцидент.
Некој од публиката фрли телефон кон пејачката и ја удри по главата, по што таа заврши во болница.
Сега 33-годишната Бебе сподели две фотки на кои ја покажува повредата.
На новата објава, едното око на пејачката е помодерно, а се гледа и мала рана под веѓата.
„Добро сум“, стои во краткиот опис.
Таа сподели и видео на ТикТок на кое ги покажува повредите:
@beberexha Im okay you guys 💖
♬ original sound - Bebe Rexha
На видеото од инцидентот се гледа како пејачката оди кон предниот дел од сцената, кога кон неа „долетува“ телефон и ја удира во главата.
Видеото масовно се споделува на Твитер, додека јавноста го осудува нападот на пејачката.
Absolutely great show ruined by a fan throwing their phone at @BebeRexha hopefully she is ok after that pic.twitter.com/4eBScgurv5
— Alex Chavez (@captiv_8_) June 19, 2023
Подоцна беше споделено и видео од мажот кој ја удрил, на кое се гледа како обезбедувањето го изнесува од концертната сала.
Станува збор за 27-годишен маж кој е уапсен и најверојатно ќе добие некаква казна за напад.
Sorry for the delay. Here is the full quality video of the guy that threw the phone at Bebe Rexha being removed. pic.twitter.com/7bkF1sFBYY
— BOSCH’S W🌎RLD (@IAmTheB0SCHMAN) June 19, 2023
„Не ја ни слушам Бебе Реџа, но зошто ја повредувате за време на нејзин концерт фрлајќи ѝ телефон во лицето???“
„Бебе Реџа заслужува подобро…“
„Бебе е буквално една од најслатките и најнепроблематичните луѓе во музичката индустрија и не го заслужува ова…“, се дел од коментарите на Твитер.
Младата пејачка е на турнеја и засега не е познато дали поради повредата ќе може да продолжи.
Неодамна, Бебе беше критикувана дека качила некој килограм, по што откри дека добила дијагноза за синдром полицистични јајници.
„Лани без на лекар и ми дијагностицираа синдром на полицистични јајници. Ова е една од најчестите причини за дебелеење кај жените. Се поправив 30 килограми многу брзо, може и повеќе.
Но, мора да бидете позитивни и да им покажеме љубов на луѓето“, изјави пејачката на The Jennifer Hudson Show
Пејачката прозборе и за критиките за изгледот:
„Јавни личности сме, па тоа беше очекувано. Не се лутам бидејќи е вистина, но кога слушате такви критики, има влијание. Не знаете низ што минува некој, па тешко е. Не би требало да зборуваме за тежината на луѓето“.
За потсетување, Бебе Реџа е родена во Њујорк, но нејзините родители се Албанци.
Татко ѝ е Албанец роден во Дебар, кој се преселил во САД на 21 година. Нејзината мајка е родена во САД, но потекнува од албанско семејство кое живеело во Македонија.
Спирова С. | Црнобело