Татко ѝ ја малтретирал, по разводот со првиот сопруг се обидела да се самоубие – Факти за Хали Бери

Во 1993-та година Хали се омажи за бејзбол играчот Дејвид Џастис, со кого беше во брак околу 3 години. Иако тие двајца се разделија по мирен пат, подоцна Хали побара судот да му забрани на Дејвид да ѝ се приближува затоа што стравувала за сопствената безбедност.

Наводно, ваквото барање Хали го поднела откако со поранешниот сопруг имала расправија пред нејзиниот дом. Тој, пак, велеше дека таа се однесува како дете.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-07.jpg

Во една пригода таа призна дека по разводот била во депресија и се обидела да се самоубие така што седнала во автомобил со вклучен мотор во затворена просторија.

Во последен миг се премислила, затоа што се сетила колку многу жртвувала нејзината мајка за да ја израсне и не можела да ѝ нанесе болка.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-18.jpg

Во 2000-тата година Хали беше обвинета дека предизвикала сообраќајна несреќа и побегнала додека била под влијание на опојни супстанци и алкохол. Исто така, за време на судењето беа изнесени докази дека не е првпат актерката да предизвика сообраќајна несреќа и да побегне, а наводно истото го направила 3 години претходно.

Актерката мораше да плати казна 13.500 долари и доби условна казна, а мораше да работи и општествено корисна работа.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-12.jpg

Во 2001-ва година Хали се омажи со Ерик Бенет, но само една година подоцна тој се пријави на рехабилитација за зависност од секс. Тие се разведоа во 2003-та година, а Ерик подоцна изјави дека не бил зависник од секс, но се пријавил на барање на мајка ѝ на Хали за да го спаси нивниот брак.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-08.jpg

Во 2005-та година Хали го сретна и се вљуби во канадскиот модел Габриел Обри со кого ја доби ќерката Нала. Но, по 5-годишна врска тие двајца се разделија, а потоа следуваше напорна битка за старателство, затоа што Габриел сакаше со ќерка им да се пресели во Франција.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-09.jpg

Во јули 2013-та година Хали се омажи за Оливиер Мартинез и заедно го добија синот Масео. И овој брак не траеше долго, па во 2015-та година парот се раздели, но најголемо внимание привлече мигот кога двајцата бивши партнери на Бери, Габриел Обри и Мартинез, имаа физичка пресметка.

Кавгата била затоа што Обри сакал заедно со ќерката Нала да се пресели во Франција.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-21.jpg

Денес Хали се труди колку е можно повеќе да ги заштити своите деца од очите на јавноста. Ретко зборува за нив, а уште поретко објавува нивни фотографии.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-11.jpg

По големиот број промашени романтични врски, Хали вистинската љубов ја најде во 2020-тата година откако ја започна врската со музичарот Ван Хант со кого сѐ уште е заедно.

tatko-i-ja-maltretiral-po-razvodot-so-prviot-soprug-se-obidela-da-se-samoubie-fakti-za-hali-beri-22.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg