Татко ѝ ја малтретирал, по разводот со првиот сопруг се обидела да се самоубие – Факти за Хали Бери
- Детали
- сабота, 10 јуни 2023
Во 2000-та година беше обвинета дека предизвикала сообраќајна несреќа па побегнала, познато е дека зад себе има голем број неуспешни врски (со насилни партнери), а се чини дека конечно ја најде среќата – Факти за Хали Бери, актерката која мами воздишки и во 6-тата деценија од животот.
Хали Бери е една од најубавите холивудски актерки која и во 56-тата година од животот мами воздишки со својот изглед, талент и харизма.
Таа е првата жена со африканско американско потекло што некогаш добила Оскар, беше „Бонд девојка“ заедно со Пирс Броснан, а со години наназад привлекуваше внимание заради несреќните љубовни врски.
Во продолжение уште неколку интересни факти за неа што сигурно не сте ги знаеле:
Актерката е родена како Хали Марија Бери во Кливленд во 1966-та година. Татко ѝ бил болничар, а мајка ѝ медицинска сестра во психијатриска установа. Таа има една постара сестра, а откако родителите се развеле, останала со мајка ѝ.
Хали во една пригода откри дека татко ѝ бил тежок алкохоличар и ги малтретирал, заради што таа повеќе од 30 години посетува терапија и денес е еден од најгласните говорници против семејното насилство.
Како дете учела во училиште каде најголемиот дел нејзини соученици биле од белата раса, заради што Хали постојано била мета на расизам. Сепак, вели дека тоа не ја демотивирало, туку ја натерало да покаже што е можно поголем успех.
Во раните 80-ти години, Хали почнала да се пријавува на разни избори за мис, па така била прогласена за Мис Тин Охајо, Мис Тин Америка, се натпреварувала и за Мис на Светот и го освоила 6-тото место.
Во 1991-ва година ја доби првата поголема улога во филмот Jungle Fever, каде глуми зависничка од опојни супстанци. Во истиот период таа беше во врска со колегата со кого заедно играат во филмот, Весли Снајпс, а се претпоставува дека се разделиле затоа што тој бил насилен со неа.
Според гласините, Весли во една пригода ја удрил Хали толку силно, што ѝ го пукнал тапанчето на едното уво и ја оглувел.