Децата на Канје Вест како дел од секта – Во морничави бели мантии одат на неговата „црковна“ служба (фото)
- Детали
- среда, 07 јуни 2023
„Ким треба да добие целосно старателство пред децата да бидат сериозно оштетени“, е само една од критиките насочени кон Канје кој ги облекол неговите деца во бели мантии за време на негова „црковна“ служба.
Се чини дека Канје Вест повеќе не може да нè изненади со неговите бизарни појавувања, но сега раперот се најде на мета на критики бидејќи ги тера и неговите деца да бидат дел од чудното однесување.
Раперот секоја недела одржува „црковна“ служба на која го проповеда христијанството, но на негов начин.
На овие собири, присутните пеат, се молат (на начин на кој Канје смета дека е правилен), додека хорот кој пее на службата секогаш носи облека од брендот на Канје.
Според раперот, службата ја обединува неговата љубов кон музиката, модата и Исус Христос.
Раперот и претходно беше критикуван за необичната служба, но голем дел од јавноста смета дека сега ја преминал секоја граница.
За време на последната служба, дел од присутните беа забележани на улица, а помеѓу нив беа и две од децата на Ким и Канје – Чикаго и Псалм.
Она што ја прави ситуацијата бизарна се морничавите бели наметки што ги носат поради кои, според многумина, наликуваат на секта.
Дел од јавноста ги споредува мантилите и со оние од морничавата серија Handmaid’s Tale.
За службата, и Канје и сопругата Бјанка избрале бизарни аутифити.
Раперот носеше црни хеланки, додека Бјанка носеше црн фустан со чуден детаљ на горниот дел. Истовремено, изгледа како целата да е прекриена со материјал сличен на најлон.
На Daily Mail, каде што беа објавени дел од бизарните фотки со децата во мантии, повеќето коментари се со критика за раперот:
„Ким треба да поднесе барање за целосно старателство за овие кутри деца!“
„Ким треба да добие целосно старателство пред децата да бидат сериозно оштетени од овој идиот!“
„Сопругата на Канје изгледа како затвореник“.
„Не треба да му се дозволува да им се приближува на деца – ни на неговите, ни на чии било“.
Спирова С. | Црнобело