Во тинејџерските години била стриптизета, дрогирала мажи и ги ограбувала: Скандалозното минато на Карди Би
- Детали
- недела, 04 јуни 2023
За да избега од насилна врска и да може да заработува откако мајка ѝ ја избркала од дома, Карди Би почнала да работи како стриптизета. Овој период раперката неретко дрогирала мажи и ги ограбувала. Кои се најголемите скандали на Карди Би?
Многумина ќе се согласат дека Карди Би е еден од најексцентричните изведувачи на денешницата. 30-годишната раперка има турбулентно минато, но и во сегашноста не се држи настрана од скандали.
Карди Би е родена во Њујорк, а почна да се прославува со помош на социјалните мрежи. Од 2015 до 2017 година беше дел од ријалити шоу на VH1, а во 2018-та го издаде и својот прв албум.
Карди Би се истакна во музичката индустрија, а има добиено и бројни награди.
Сепак, колку со музиката, толку внимание привлекува и со скандалите.
Неколку детали од проблематичното минато на Карди Би:
Во тинејџерските години работела како стриптизета
Откако добила отказ од локален ресторан, Карди Би се вработила како стриптизета.
Самата има изјавено дека оваа работа ѝ донела позитивна промена во животот.
Имено, тој период раперката била во насилна врска, а мајка ѝ ја избркала од дома.
Па, со работата во стриптиз клубот успеала да ги избегне и семејното насилство, и сиромаштијата.
Карди собрала и доволно пари да се запише на колеџ, но набрзо се откажала.
Всушност, Карди Би почна да се прославува околу 2013-та, кога на Инстаграм и Vine почнаа да се споделуваат видеа од неа во стриптиз клубот.
Има конекции со банда од Лос Анџелес
Откако го издаде првиот сингл во 2017-та, поради текстот на песната, во јавноста почнаа да се шират гласини дека Карди има некаква поврзаност со бандата Bloods од Лос Анџелес.
Следната година, таа самата го потврди тоа:
„Кога имав 16 години се дружев со многу членови на Bloods. Ми рекоа да им се придружам и им се придружив“.
Но, Карди истакна дека тоа било лоша одлука:
„Ако некој сега ми рече дека сака да стане дел од банда, само ќе му кажам дека тоа му е трошење време и пари. И, дека потоа никогаш ќе нема да може да ја напушти бандата“.
Дрогирала мажи и ги ограбувала
Карди отсекогаш била отворена за животот пред да стане позната, но се соочи со критики кога сподели дека додека работела како стриптизета, ги дрогирала мажите кои доаѓале во клубот и ги ограбувала.
Карди изјави дека кога мажите ѝ нуделе пари за секс, таа ги носела во хотелски соби, им ставала дрога или лекови за спиење во пијалаците, па ги ограбувала.
Во 2019-та таа се огласи на критиките од јавноста:
„Никогаш не тврдам дека сум совршена или дека имам совршено минато. Секогаш ја зборувам вистината и ги сносам последиците. Го правев она што морав да за преживеам“.
Сепак, голем дел од јавноста стои на ставот дека Карди би требало да одговара за ова кривично дело.