Познати личности кои не водат грижа за личната хигиена

Мајли Сајрус самата изјави дека за време на локдаунот поради пандемијата, во период од четири месеци, само двапати си ја измила косата. Кои други ѕвезди имаат чудни (не)хигиенски навики?

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-01.jpg

Само затоа што познатите изгледаат беспрекорно на црвениот тепих, не значи дека се такви во реалноста.

Всушност, се чини дека многу актери и музичари ги немаат ни најосновните навики за лична хигиена.

Познати личности и нивните чудни (не)хигиенски навики:

Камерон Диаз

Камерон Диаз не сака да користи антиперспиранти бидејќи верува дека се штетни по здравјето.

Самата има изјавено дека не употребила антиперспирант повеќе од 20 години.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-02.jpg

Џејк Гиленхал

Познатиот актер смета дека немаме никаква корист од честото бањање и дека нашето тело се чисти самото.

Па, тој се бања многу ретко.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-03.jpg

Ума Турман

Кога не е на црвениот тепих, Ума Турман честопати изгледала неуредно.

Според стилист кој работел со неа, актерката воопшто не водела грижа за хигиената:

„Работев со неа. Честопати доаѓаше со облека извалкана со храна. Еднаш ѝ најдов храна залепена на грбот што сигурно беше две недели стара“.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-04.jpg

Гвинет Палтроу

Гвинет Палтроу веќе е позната по чудните третмани за убавина и подмладување и користењето бизарни продукти.

Но, веројатно чудните продукти не секогаш се ефикасни – наводно, актерката мирисала многу лошо, дури и на настани како Мет галата.

„Мислам дека самата не беше свесна, но видов барем двајца кои си го покрија носот кога минуваа покрај неа“, тврди извор кој присуствувал на свеченоста пред неколку години.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-05.jpg

Леонардо ди Каприо

Актерот е познат активист за заштита на природата, а оттаму потекнуваат неговите чудни хигиенски навики.

Покрај тоа што се тушира ретко, актерот има изјавено дека не користи дезодоранси и антиперспиранти.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-06.jpg

Орландо Блум

Според Миранда Кер, поранешната сопруга на актерот, тој ја носел истата облека со недели – не само фармерките и блузата, туку и чорапите.

Актерот имал и навика насекаде да го остава искористениот конец за заби.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-07.jpg

Мајли Сајрус

Мајли Сајрус самата изјави дека за време на локдаунот поради пандемијата, во период од четири месеци, само двапати си ја измила косата.

poznati-lichnosti-koi-ne-vodat-grizha-za-lichnata-higiena-08.jpg

Погледнете и: Славни личности за чија лоша хигиена се пожалиле и нивните колеги

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg