Спектакуларно отворена Евровизија 2023 - се појави и принцезата Кејт на пијано (видео)
- Детали
- сабота, 13 мај 2023
Евровизија 2023 започна со спектакл кој требаше да ја нагласи минатогодишната победа на Украина, но и нивната соработка со Велика Британија. Меѓу големиот број Британци што настапија со Украинците „Калуш оркестра“ беше и принцезата Кејт.
Вечерва се одржува финалната вечер на Евровизија 2023. Вечерта започна со заеднички спот во кој минатогодишните победници на Евровизија, „Калуш Оркестра“ ја испеаја песната „Стефанија“, а во спотот се појавија и повеќе британски музичари и познати личности.
Во еден сегмент ја видовме и идната британска кралица, принцезата Кејт како свири на пијано, како и украинската победничка од 2016-та година Џамала.
https://twitter.com/oceaniito/status/1657462001143099392
По спотот, перформансот продолжи на евровизиската сцена, каде беше организиран спектакуларен настап, со танчари, хор, хип-хоп изведувачи..
Opening #Eurovision2023 exactly as it should be done... GO ON KALUSH ORCHESTRA! 👏 pic.twitter.com/5mUeAGY9BI
-->-->— BBC Eurovision (@bbceurovision) May 13, 2023
Вечерва на сцената ќе се појават претставниците на 26 земји, по 10 финалисти кои победија во двете финални вечери што се одржаа во текот на изминатата недела, како и шест претставници кои одат директно во финале.
Kalush Orchestra returning to the #Eurovision stage after their triumphant win last year 🫶🇺🇦 pic.twitter.com/ROQeubiWaF
-->— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 13, 2023
За најголем фаворит се смета претставничката на Шведска, Лорин, која победи во 2012-та година, а по неа се претставниците на Финска, Украина, Франција и Израел.
Cue the #fireworks we’re #GoodToGo Live from Liverpool this is the Grand Final of #Eurovision Song Contest 2023 on behalf of Ukraine with winners Kalush Orchestra. #UnitedByMusic 🇺🇦 🇬🇧 #Eurovision2023 #eirovīzija pic.twitter.com/PaQQ5CTXXQ
— Melodimen (@melodimen) May 13, 2023
Погледнете ја изведбата на Лорин од полуфиналната вечер:
Б. С. Б. | Црнобело