„Го жалам Роби Вилијамс, јас имам повеќе секс откако се омажив“ - Кели Брук (43), која има 5 години помлад сопруг, го демантира пејачот
- Детали
- среда, 10 мај 2023
„Сексот станува подобар со годините. Вие се чувствувате посамоуверено во своето тело, знаете што сакате и не ви е страв, а ни срам да му кажете на партнерот што ви е убаво, а што не“, вели британската манекенка Кели Брук.
Британската манекенка Кели Брук (43), која неколкупати беше избрана за најубава жена на светот, вели дека ѝ е жал за Роби Вилијамс, откако тој призна дека скоро и да нема секс откако се оженил со Ајда Филд.
Кели во интервју за „The Sun“ вели дека бракот направил чуда за нејзиниот сексуален живот и дека таа никогаш порано немала толку многу самодоверба во спалната соба.
„Сексот станува подобар со годините. Вие се чувствувате посамоуверено во своето тело, знаете што сакате и не ви е страв, а ни срам да му кажете на партнерот што ви е убаво, а што не“, вели Кели.
Коментарот на Брук дојде неполн месец откако една од најголемите ѕвезди во 1990-те, Роби Вилијамс (49), откри дека скоро и да нема секс со сопругата Ајда, 13 години откако се оженил со неа.
„Сите знаат дека откако ќе се ожениш, веќе нема секс“, изјави Роби во интервју.
Оваа негова изјава ја демантира Брук.
„Го жалам Роби, навистина, но јас имам многу повеќе секс откако се омажив“, вели Кели.
Брук пред 10 месеци се омажи со италијанскиот модел Џереми Париси (37).
Тие се запознаa осум години претходно преку социјалните мрежи.
Прочитајте и Има 40 години и 5 години помладо момче: Кели Брук открива зошто сексот се подобрува со стареењето
А. Ј. | Црнобело