Роберт де Ниро откри дека станал татко по 7-ми пат на 79 години – која е мајката?
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
„Неодамна добив бебе“ – откри холивудскиот актер Роберт де Ниро. Тој од претходните врски има шест деца, а ова е седмо. Прочитајте за која жена се шират гласини дека е мајка на неговото седмо дете.
Холивудскиот актер Роберт де Ниро ја изненади светската јавност откако среде интервју откри дека станал татко по седми пат, на возраст од 79 години.
Тој гостуваше во интервју во кое отворено зборуваше за неговиот најнов проект About My Father, па му поставија прашање и за тоа како тој се снаоѓа како родител.
„Мислам не можете да ги заобиколувате децата. Не сакам да бидам тој што треба да воведува ред или такви работи. Но, (понекогаш) немате избор. И секој родител, мислам дека ќе ви го каже истото.
Секогаш сакате да бидете тука за децата и да им верувате на зборот, но некогаш не можете да го правите тоа“ – рече актерот.
Кога водителот го праша за неговите шест деца Роберт побрза да го поправи и рече:
„Седум се всушност. Неодамна добив бебе“ – појасни тој, но не даде други детали за тоа со кого го добил детето и која е мајката.
TMZ пишува дека најверојатно станува збор за Тифани Чен, жената за која има гласини дека му е љубовница на холивудскиот ветеран.
Тифани е инструктор по Таи Чи и тие двајца се запознале во 2015-та година за време нa снимањето нa филмот The Intern, каде таа била инструктор по боречки вештини. Гласините за нивната врска почнаa да се шират во 2021-ва година.
Американскиот портал пренесува дека во март годинава, Роберт де Ниро беше фотографиран од папараци додека со Тифани влегуваа во автомобилот, па наводно, им рекол на фотографите:
„Зарем не гледате дека е бремена!?“
Инаку, Роберт има шест деца од три различни врски. Со првата сопруга Дајен Абот ги доби ќерката Дрена (51) и синот Рафаел (46), од врската со Туки Смит ги доби близнаците Џулијан и Арон (27), а со сопругата Грејс Хајвотер ги доби синот Елиот (24) и ќерката Хелен Грејс (11).
Б. С. Б. | Црнобело