Не ѝ треба слава за да биде среќна: Амбер Херд насмеана ја шета ќеркичката во лежерно издание (фото)
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
Амбер Херд за првпат беше фотографирана во јавност, само неколку дена откако беше најавено дека ќе го напушти Холивуд. Актерката се појави во маица и хеланки, на себе немаше ниту трага од некогашниот холивудски гламур, но насмевката на нејзиното лице е видлива. Погледнете ги најновите фотки од актерката со ќеркичката во Мадрид.
Минатата година доживеа скандал на јавното судење за клевета со поранешниот сопруг Џони Деп (59), но тоа не ја спречува Амбер Херд (37) да се појави во јавност со гордо крената глава.
И во секојдневна облека, со стара чанта и патики, актерката покажува дека мајчинството е она што навистина ја прави среќна.
Само неколку дена откако беше објавено дека таа планира да го напушти Холивуд, се појавија нови папарацо фотки од актерката во Мадрид.
Според најновите сознанија на светските медиуми, Амбер Херд, последната година по судењето ја поминала во Шпанија.
Прво беше сместена во едно мало гратче, каде се претставувала со лажен идентитет, а пред извесен период одлучила да се пресели во Мадрид заедно со ќеркичката Уна Пејџ.
Но, очигледно е дека актерката нема намера повеќе да се крие, туку со гордо крената глава шета во јавност заедно 2-годишната ќерка.
Амбер ја доби ќеркичката Уна со помош на сурогат мајка во јули, 2021-ва година, а по скандалозното судење со поранешниот сопруг Џони Деп, од минатата година таа почна да води повлечен и затворен живот.
За раѓањето на Уна Пејџ не се знае многу, па дури постојат шпекулации дека нејзин татко е милијардерот Илон Маск, со кого Амбер беше во врска по разводот со Џони Деп и со кого е во пријателски односи.
Од најновите фотографии од Мадрид, може да се види дека Амбер конечно е среќна и ужива во улогата на мајка.
Таа беше фотографирана како во хеланки, маица и патики ја шета ќеркичката со тротинет, а очигледно е дека животот подалеку од скандалите и вревата на Холивуд ѝ годи.
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело