Бурните тинејџерски години на Меган Фокс - Крадела, добила забрана за влегување во познат супермаркет

Како тинејџерка била мошне проблематична, па еднаш била фатена како краде од супермаркет и призна дека заради тоа била и на суд. Нејзините врсници велат дека таа страдала од клептоманија и дека морала да украде нешто секојпат кога ќе влезела во продавница. Помалку познати детали од животот на Меган Фокс.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-01.jpg

Холивудската актерка Меган Фокс (36) денес важи за една од најубавите жени во светот на која успешната кариера ѝ донесе милиони на сметката.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-02.jpg

Каде и да се појави, таа зрачи со сексапил и во последните неколку години прерасна во секс-симбол, но вистината е дека таа имала мошне тешко детство, за кое во повеќе наврати зборувала јавно.

Во продолжение, неколку интересни факти за тинејџерските години на Меган Фокс што можеби не сте ги знаеле:

Меган Фокс е родена во Оук Риџ, Тенеси и пораснала во Роквуд – планинско гратче кое е изолирано. Вели дека нејзиниот татко ловел диви гуски, а мајка ѝ ги подготвувала за јадење. Живееле мошне скромно, затоа што немале многу пари.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-04.jpg

Таткото на Меган бил полицаец, а се развел од мајка ѝ кога таа имала само 3 години. Актерката многу тешко се справила со разводот, кој влијаел врз оформувањето на нејзината личност.

Според неа, таа од мали нозе сакала да стане актерка за да може да побегне од трауматичните спомени од детството.

„Се чувствував неприфатено, а и не сакав да ме прифатат. Секако, мислам дека тоа е поврзано со разводот на моите родители и со тоа што не го гледав татко ми, па постојано се чувствував отфрлено.

Не можеш лесно да го победиш тоа чувство“ – рече таа во една прилика.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-14.jpg

По разводот на родителите, Меган почнала да живее со мајка ѝ и со нејзиниот очув, кои биле мошне строги со неа.

Актерката има изјавено дека постојано била „под казна“. Никогаш не смеела да ја помине ноќта кај другарка или да дозволи некој да преспие кај неа. Секако, не смеела да има врски со момчиња.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-05.jpg

Меган била доста осамена и заради големата генерациска разлика што постои меѓу неа и сестра ѝ, која е 13 години постара од неа.

Но, очигледно се научила да живее сама и да нема потреба од премногу пријатели.

Во една прилика изјави дека има само еден најдобар пријател, а тоа е нејзиниот шминкер.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-07.jpg

Меган откри дека како тинејџерка била мета на врсничко насилство, а како што вели, кога децата дознале дека сака да биде актерка, тие го користеле тоа за да ѝ се потсмеваат.

imala-leplivi-prsti-pa-dobila-zabrana-za-vlez-vo-poznat-sindjir-prodavnici-burnoto-minato-na-megan-foks-kako-tinejdjerka-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg