Омилените парфеми на познатите дами со кои ќе се чувствувате како холивудска ѕвезда
- Детали
- сабота, 06 мај 2023
Додека Селена Гомез најчесто го користи Daisy од Marc Jacobs, омилениот парфем на Сара Џесика Паркер e Skin Musk кој чини само 15 долари.
Како секоја жена, и познатите дами имаат омилени парфеми.
Некои ги сакаат брендовите што се популарни и кај нас, некои ги преферираат своите парфеми, а некои користат етерични масла.
Кои се омилените парфеми на познатите дами?
Салма Хајек
Познатата актерка има изјавено дека често користи парфеми на Gucci, Yves Saint-Laurent и Balenciaga.
Но, вели дека најмногу ѝ се допаѓа аромата на етерично масло од роза.
Салма неретко го користи маслото како замена за парфем и го нанесува наутро, па и пред спиење.
Ријана
Многу познати личности имаат изјавено дека Ријана секогаш мириса прекрасно.
За пејачката е познато дека често го користи парфемот Love, Don’t Be Shy by Killian, додека нејзиниот омилен парфем е Hello Kitty.
Мишел Фајфер
Пред пандемијата, Мишел Фајфер направи свој бренд за парфеми, Henry Rose.
Омилениот парфем на актерката – Flora Carnivora – е од нејзиниот бренд.
Ана де Армас
Младата актерка е едно од заштитните лица на Estée Lauder. Па, нејзиниот омилен парфем е од овој бренд – Beautiful Magnolia.
Актерката вели дека парфемот има свежа и слатка арома и, според неа е совршен.