Лизо ѝ тверка на Џиџи, асистенти ѝ го држат фустанот на Ријана – Што се случуваше на Мет Галата по црвениот тепих? (фото)
- Детали
- среда, 03 мај 2023
Ние, „обичните“ луѓе не знаеме што точно се случува на Мет Галата бидејќи ова е тајна. Но, како секоја година, и овојпат имаме можност да видиме неколку фотки од ексклузивниот и престижен настан.
Мет Галата е еден од најпрестижните настани во светот на шоу-бизнисот.
Се одржува во музејот Метрополитен во Њујорк, а помеѓу присутните се некои од најпознатите личности во светот.
Мет Галата е всушност добротворен настан преку кој се собираат пари за музејот Метрополитен, поточно за Институтот за костими во склоп на музејот.
Институтот на костими е всушснот колекција со над 33.000 фустани, модни додатоци и, генерално, облека која датира од 15-тиот век до денес.
Ова се експонати кои, на некој начин, ја раскажуваат историјата на модата.
Токму поради ова, модата е важен дел од Мет Галата и дури и оние кои не се заинтересирани за оваа индустрија, сакаат да ги коментираат стајлинзите на познатите личности.
Интересно е што јавноста не знае што точно се случува на Галата по црвениот тепих бидејќи ова е тајна.
Сепак, секоја година, има и фотки од настанот кои барем донекаде ја доловуваат атмосферата што не смееме да ја видиме.