Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна

Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. Но, актерот не ни знаел дека има ќерка, сè додека таа самата не му испратила писмо во 1991-ва, односно 26 години подоцна…

chak-noris-ja-izneveril-prvata-sopruga-i-dobil-kjerka-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-01.jpg

Првата сопруга на Чак Норис е Дајен Холчек. Познатиот актер и Дајен ја почнале врската уште во средно, а се венчале во 1958-ма – само шест месеци откако Чак матурирал.

Чак и Дајен беа во брак цели 30 години и заедно добија два сина – Мајк и Ерик.

Се разведоа во 1988 година, но останаа во добри односи. Всушност, актерот многупати по разводот давал само комплименти за поранешната сопруга.

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-04.jpgЧак Норис со првата сопруга

Но, во 2004 година, Чак Норис ја изненади јавноста со неговите мемоари во кои откри дека ја изневерил Дајен. За фановите, уште поглем шок беше откритието дека добил и ќерка од таа афера.

Истовремено, актерот ни самиот не знаел за оваа ќерка цели 26 години.

Во периодот пред да стане светска ѕвезда, Чак Норис бил на деловно патување. На патувањето сретна девојка – Џоана – со која имал кратка афера.

Бидејќи и Чак и Џоана тој период биле во брак, откако се разделиле, не останале во контакт.

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-02.jpgЧак Норис со првата сопруга

Но, Џоана останала бремена. Таа одлучила да не му кажува на Чак, па родила ќерка и самата се грижела за неа.

Девојчето, Дина, не знаело кој е нејзиниот татко сè до 19-годишна возраст.

Таа случајно ја слушнала мајка си како разговара со колешка, а во разговорот мајка ѝ спомнала кој е нејзиното вистински татко.

Па, сакајќи да го запознае, Дина решила да му испрати писмо.

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-07.jpg

На почетокот мајка ѝ пробувала да ја одврати од намерата, но не успеала.

„Џоана ѝ потврдила на Дина дека јас сум ѝ биолошкиот татко. Но, ѝ кажала дека сум во брак и имам деца, па дека не треба да ми го нарушува мирот во животот“, открива Чак Норис во неговите мемоари.

Во 1991-ва, 26 години по аферата, Чак добил писмо од Дина која тврдела дека му е биолошка ќерка.

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-06.jpgЧак Норис и ќерка му Дина

На актерот не му требало многу убедување за да ја запознае Дина.

„Не ми требаше ДНК тест. Застанав пред неа, ја прегрнав и двајцата почнавме да плачеме. Во тој момент, се почувствував како да сум ја знаел целиот живот“, го опишува актерот емотивниот момент.

Оттогаш и Дина е дел од семејството на актерот. 

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-05.jpgДина со нејзиниот сопруг

Моментално Чак Норис е во брак со Џина О’Кели – се венчаа во 1998-ма и имаат две деца.

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-09.jpgЧак Норис со сегашната сопруга

Возрасната разлика помеѓу нив е 23 години, но моментално тие уживаат во еден од најстабилните и најхармоничните бракови во Холивуд.

chak-noris-dobil-kjerka-od-afera-doznal-za-nea-duri-26-godini-podocna-ne-mi-trebashe-dnk-test-03.jpgЧак Норис со децата од сегашната сопруга

Повеќе фотки до Чак Норис со семејството на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg