Каја Гербер, сестрите Хадид - кои се ќерките на топ-моделите кои тргнаа по стапките на своите славни мајки?
Илона Смет, ќерка на Естел Лефебур
Француската манекенка и актерка Естел Лефебур ја почна својата кариера во 1980-тите години.
Таа 11 години беше во брак со пејачот Дејвид Холидеј, со кого доби имаше две ќерки.
Подоцна, кога наполни 45 години, Естел роди син.
Една од ќерките на Естел, Илона, работи како модел.
Таа беше избрана за заштитно лице на познат козметички бренд.
Денес, Илона планира да стане режисер и да сними хорор филм.
Каја Гербер, ќерка на Синди Крафорд
Каја Гербер, ќерката на еден од најпознатите светски топ-модели, Синди Крафорд, успешно оди по стапките на својата мајка.
Таа го имаше своето деби на модните писти на 16 години и веднаш почна да соработува со познати модни куќи како Marc Jacobs, Burberry, Prada, Valentino, Versace и многу други.
Каја веќе се појави и на насловните страници на седум меѓународни изданија на магазинот Vogue.
Младата манекенка многумина ја споредуваат со нејзината мајка, а Каја вели дека тоа го сфаќа како најголем комплимент.
Сејлор Бринкли Кук, ќерка на Кристи Бринкли
Кристи Бринкли имала 19 години кога ја забележал познат фотограф. Оттогаш, таа се појави на повеќе од 500 насловни страници на светските списанија.
Од 1985 до 1994 година, Кристи беше во брак со музичарот Били Џоел, кој постојано ја вклучуваше сопругата во неговите спотови.
Кристи беше прогласена за една од најатрактивните жени на сите времиња од страна на списанијата Allure и Men's Health.
Нејзината најмлада ќерка, Сејлор, која е родена во четвртиот брак на Кристи, на почетокот сакала да биде спортист.
Таа еден ден ја придружувала мајка си на снимање и тогаш првпат ѝ понудиле да се обиде како модел.
Сејлор подоцна позираше за Vogue и Sports Illustrated, а беше и манекенка на Модната недела во Њујорк, на ревијата на Dolce & Gabbana.
Лени Клум, ќерка на Хајди Клум
Кога Хајди имала 19 години, еден пријател ја убедил да се пријавил на натпревар за идни манекенки. Таа победи и го потпиша првиот договор со модна агенција.
Оттогаш Хајди се сликаше за скоро сите светски списанија и учествуваше на модни ревии за најпознатите брендови.
По завршувањето на кариерата како модел, Хајди стана ТВ-презентер на познатите емисии Project Runway и Top Model.
Во 2003 година Хајди почна врска со Формула 1 магнатот, Флавио Бријаторе. Откако тој дозна дека Хајди е бремена, ја остави.
Брзо по ова идната мајка се заљуби во музичарот Сил. Тој беше присутен на породувањето, кога Хајди ја роди ќерката Лени, а потоа ја израсна како свое дете.
На 12 години Лени ја доби првата покана да работи како модел, но Хајди ѝ забранила.
Подоцна, Лени сепак тргна по стапките на својата мајка, а потпиша договори со Dior и GHD.
Неколкупати Лени имаше фотосесии со својата мајка.
Освен што работи како модел, таа студира внатрешен дизајн.
А. Ј. | Црнобело