Ги разгореа страстите по раскинувањето - Камила Кабејо и Шон Мендез се бакнуваат и танцуваат провокативно на Coachella (видео)

Една година по раскинувањето, Шон Мендез и Камила Кабејо беа неразделни на музичкиот фестивал Coachella, а во еден миг споделија и страстен бакнеж. Сепак, иако фановите се надеваат дека се смириле, некои извори тврдат дека бакнежот не значел ништо и наводно ги понела атмосферата.

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-01.jpg

Викендов се одржа еден од најпопуларните музички фестивали во САД – Coachella. Секој година, покрај популарните изведувачи, во публиката се наоѓаат некои од најпознатите имиња од светот на шоу-бизнисот.

Годинава, покрај другите ѕвезди, во публиката беа Шон Мендез и Камила Кабејо.

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-0.jpg

Младите музичари, кои раскинаа пред повеќе од една година, разговараа, танцуваа провокативно, а споделија и неколку бакнежи.

Видеото од парот беше споделено на Твитер, по што се разгореа гласините дека повторно се заедно.

Според извори на Us Weekly, тие заедно пристигнале на фестивалот.

„Пристигнаа со многу телохранители и околу нив имаше голема група луѓе. Не се држеа за рака, но беа заедно цела вечер. Изгледаа како пар“.

Шон Мендез и Камила раскинаа кон крајот на 2021 година. До неодамна пејачката имаше друг дечко, додека за Шон се шпекулираше дека е во врска со 51-годишна жена.

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-02.jpg

Сепак, друг извор тврди дека Шон и Камила не се заедно.

„Шон и Камила се пријатели со многу љубов и историја помеѓу нив, но не се пар. Останаа во контакт по раскинувањето и одлучија да се сретнат на Coachella бидејќи и двајцата сакаа да одат на фестивалот“, открива изворот за Page Six.

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-07.jpg

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-09.jpg

Во врска со бакнежот, изворот вели дека само биле понесени од атмосферата и дека дефинитивно тоа не е знак дека повторно се пар.

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-08.jpg

Според коментарите на видеото, но и новите Инстаграм објави на Камила, фановите се надеваат дека сепак ќе се смират.

„Многу сум среќна за тебе и Шон! Се надевам дека сте среќни“, гласи еден од бројните коментари.

kamila-kabejo-i-shon-mendez-strasno-se-baknuvaat-i-tancuvaat-provokativno-na-muzichki-festival-1-godina-otkako-raskinaa-video-2.jpg

Не е познато зошто точно раскинаа Шон и Камила, а според изворите, Шон бил тој кој ја иницирал разделбата.

Наводно, Камила била разочарана, но сепак сфатила дека е најдобро да се разделат и да останат пријатели.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg