Беше холивудски секс-симбол, а денес е зависник од пластични операции – Како стравот од стареење го „унакази“ Мики Рурк?
- Детали
- вторник, 11 април 2023
„Од лекарите само барав да ми го вратат лицето на место. Но, признавам дека избрав погрешен хирург и се навлеков на операциите“, рече пред многу години Мики Рурк кој важеше за еден од најголемите секс-симболи на Холивуд. Денес, славниот актер е целосно трансформиран со подуено лице, ботокс на устата, а некои велат дека и носот му се распаѓа...
Холивудскиот актер Мики Рурк, еден од најголемите фраери во 1980-тите, денес е непрепознатлив.
Некогашниот секс-симбол на Холивуд, мажот по кој лудуваа сите, си го уништи ликот со пластичните операции.
На 70 години, Рурк дури не ни потсетува на некогашниот заводник пред чии нозе паѓаше цел свет.
Деновите кога Мики Рурк важеше за најголемиот заводник во Холивуд се минато.
Како и многумина во филмската индустрија, ни тој не можеше да се помири со фактот дека старее, па проба да го задржи младешкиот изглед со пластични операции.
Но, резултатите се далеку од она што очекуваше, а ликот на Рурк е целосно трансформиран – подуено лице, очи што скоро и да не се гледаат, ботоксирани усни, пресадена коса.
Некои велат дека и носот му се распаѓа од многуте операции.
Од омилениот маж, скоро и да не остана ништо.
Секое појавување на Рурк во јавноста предизвикува шок, бидејќи актерот скоро и да не излегува од својот дом.
Тој сепак беше фотографиран неодамна, како оди по улица да се најде со пријателите на кафе.
И повторно ги изненади минувачите со изгледот - бела разлетана коса, ослабен, облечен во фармерки и раскопчана тренерка која му го открива стомакот.
Славниот актер никогаш не криеше дека се трансформира со помош на пластични операции.
Тој призна дека во 1990-тите направил погрешен избор, кога сакајќи да го среди лицето од боксерски повреди, отишол кај нестручен хирург.
По ова секоја година менувал и додавал нешто на ликот, а еднаш изјави и дека ботоксот му станал најдобар пријател.
„Носот ми беше скршен двапати. Имам пет операции на носот и една кога ја повредив јаболчницата. Мораа да ми земат рскавица од увото за да ми го обноват носот, бидејќи лузната не зараснуваше“ – рече тогаш Рурк.
Со текот на времето ликот му се трансформираше целосно.
„Од лекарите барав да ми го вратат лицето на место. Но, признавам дека избрав погрешен хирург и се навлеков на операциите“, рече тој.
Освен со зависноста од пластични операции Рурк се бореше и со зависност од дрога и алкохол.