105-годишен маж живеел на имот на Бред Пит вреден 40 милиони долари, без да плаќа кирија: „Актерот има големо срце“
- Детали
- петок, 07 април 2023
Бред Пит му дозволил на својот сосед, кој бил вдовец, да живее на неговиот имот во Лос Фелиз, Калифорнија, а да не му плаќа кирија. Пит го купи имотот во 1994-та година од актерката Касандра Петерсон, а го продаде неодамна за 40 милиони долари.
Откако Бред Пит го купил имотот во Лос Фелиз, за кратко време се спријателил со еден сосед и неговата сопруга.
Но, пред неколку години жената починала, па Бред му дозволил на соседот да остане на неговиот имот за да не биде сам.
Мажот почина неодамна, на 105 години, по што Пит конечно го продаде имотот.
Приказната за Пит и неговиот сосед ја раскажа актерката Касандра Петерсон, од која Бред ја купил куќата пред скоро 30 години.
Касандра, најпозната по улогата на Елвира, за магазинот „People“ вели дека Пит, освен што е одличен актер, е и човек со големо срце.
Таа во интервјуто вели дека Пит бил толку близок со соседите, што, кога жената починала, му понудил на мажот да се пресели на неговиот имот за да не живее сам.
„Бред е навистина човек со големо срце. Правеше сè за тој човек. Но, кога му рече: 'Остани тука до крајот на животот', сигурно не мислел дека тој ќе доживее 105 години.
Инаку, мислам дека порано ќе го продадеше имотот“, вели таа.
Пит го купи имотот од Петерсон од хонорарот што го заработи од филмот „Fight Club“ за околу 1.4 милиони долари.
Го продаде неодамна за скоро 40 милиони долари.
А. Ј. | Црнобело