Русинки на чија убавина не можат да останат рамнодушни ниту мажите (ниту жените)
- Детали
- недела, 16 април 2023
Мажите воздивнуваат по Ана Курникова, Ирина Шајк и Марија Шарапова, но ни жените не остануваат рамнодушни пред нивната убавина.
Трите познати Русинки - Ирина Шајк, Ана Курникова, Марија Шарапова се препознатливи по белиот тен и светлите очи.
И додека Марија и Ана се природни русокоси, Ирина има темна коса, па многумина на прва не можат да претпостават дека е Русинка.
Двете поранешни тенисерки и светскиот модел и денес важат за едни од најубавите Русинки, но и за едни од најубавите жени во светот.
Ана Курникова
Каде и да се појави, поранешната тенисерка Ана Курникова сè уште привлекува внимание.
Таа одамна е во пензија и никогаш не освоила голем турнир во сингл, но и покрај тоа, кога се зборуваше за женскиот тенис во минатото, Ана беше една од првите асоцијации за овој спорт.
https://www.instagram.com/p/BBeOZ5VO2zC/?utm_source=ig_web_copy_link
Ана е во брак со пејачот Енрике Иглесијас и имаат три деца, а приватниот живот го чуваат во тајност.
Тие споделуваат семејни фотографии само кога имаат голем повод и скоро никогаш не се појавуваат заедно на јавни настани.
Ирина Шајк
Во 2013 година, руското издание на списанието „Maxim“ ги избра десетте најубави жени во земјата, а Ирина Шајк беше на првото место.
Манекенката и модел важи за една од најсексапилните жени на светот.
За многумина таа е најдобрата манекенка во моментов, на која ѝ нема рамна.
Ирина долго време беше во врска со Кристијано Роналдо, а потоа почна да излегува со актерот Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа.
https://www.instagram.com/p/B6jtXrInAUS/?utm_source=ig_web_copy_link
Марија Шарапова
Шарапова беше една од најдобрите и најатрактивните руски тенисерки на сите времиња.
Во кариерата таа освои 5 гренд слем титули.
Марија денес ужива во бракот и мајчинството.
Мажена е за Александер Гилкис, со кого го има синот Теодор.
А. Ј. | Црнобело