Камила Кабејо – жената што безгрижно се шета со опуштено голо стомаче и бикини, и покрај критиките за изгледот (фото)
- Детали
- сабота, 01 април 2023
Носи фустани со висок шлиц и покрај тоа што нема манекенски нозе, трча со хеланки и голо стомаче кое виси и нема проблем со целулитот кој ѕирка додека самоуверено шета по бикини – Камила Кабејо не им се покорува на стандардите за убавина и покрај многуте критики на секое појавување.
Ден поминат на плажа или во џогирање, дефинитивно не е воопшто забавен ако сте опкружени со папараци кои ќе се обидуваат да ја уловат секоја маана и недостаток на вашето тело.
Токму под таков притисок е постојано и Камила Кабејо, која добива критики за изгледот, вишокот килограми и целулитот, каде и да се појави.
Сепак, тоа не ја спречува да не им се покорува на стандардите за убавина и не помислува да се крие под широка облека.
Напротив, таа низ годините излегува на прошетки и трчање со голо, опуштено стомаче, носи кратки шорцеви, разголени фустани на црвен тепих и самоуверено излегува од вода по бикини.
Прочитајте и „Ние сме жени со облини и целулит“ – како Камила Кабејо ги замолчи сите кои ја критикуваа за опуштеното стомаче? (видео)
Сепак, тоа не значи дека негативните коментари не ја погодуваат, со оглед на тоа што таа има признаено дека била анксиозна и одела на терапии, но и дека целото искуство ѝ е непријатно.
„Носев бикини што беа премали и не ми беше гајле како изгледам, а потоа видов фотки онлајн и коментари и се вознемирив.
Се потсетив на времето кога ова влијаеше на мојата самодоверба. Општеството толку се навикна на сликата за „здраво“ женско тело што воопшто не е ни реално за многу жени.
Облеков бикини, се дотерав, бев слатка и отидов на плажа, а ме нападнаа еден тон фотографи кои не можев да не ги забележам.
Знаев дека ќе излезам добро на фотките, но сепак не ми беше убав ден поминат на плажа. Буквално излегуваат од грмушки“ – изјави во една прилика пејачката.
Дефинитивно, Камила е една од ретките жени во светот на славните, кои одлучуваат да се покажат во вистинско светло, наместо да глумат нешто што не се, и покрај тоа што јавноста не го прифаќа тоа најдобро.