Никогаш не е на диета и не може без благо – Што прави Пенелопе Круз за да биде фит на 48 години?
- Детали
- недела, 02 април 2023
Шпанската актерка Пенелопе Круз, која има две деца, на социјалните мрежи не споделува ништо поврзано со својот режим за вежбање и исхрана. Но, во интервјуа таа честопати раскажува како се храни и како ја одржува витката линија. Кои 8 работи актерката ги практикува низ годините и влијаат позитивно на нејзиниот фит изглед?
Шпанската актерка Пенелопе Круз важи за една од најзгодните жени на светот.
Таа секогаш изгледа одлично – и кога е дотерана за на црвениот тепих и кога папараците ќе ја сликаат случајно на улица или на плажа.
Актерката, која од 2010 година е во брак со Хавиер Бардем, на социјалните мрежи не споделува ништо поврзано со својот режим за вежбање и исхрана.
Но, во интервјуа честопати раскажува како се храни и како ја одржува витката линија и покрај тоа што е мајка на две деца.
Погледнете кои 8 работи Круз ги практикува низ годините, а влијаат на нејзиниот фит изглед:
Пенелопе одела на класичен балет 17 години и вежбала по четири часа дневно.
Денес, понекогаш Пенелопе игра балет со ќерка си Луна.
Комбинира тренинг за мускулна маса со кардио вежби, а вежба по еден час, три до четирипати во неделата.
Актерката прво вежба, а потоа се посветува на останатите активности.
„Се будам секое утро околу 7.30 и прво вежбам, а дури потоа пијам кафе“ - рече во една прилика Круз.
Пенелопе практикува Биркам јога.
Една сесија трае 90 минути, а тој што вежба се поти многу, па затоа Биркам јогата е позната и како „жешка јога“.