Бурниот развод на Том Круз и Кејти Холмс – Не смеела да има врски по разделбата, не ја пуштала ќерка им кај Том без телохранител
По судењето, Том сподели дека Сури веќе не е дел од црквата, а добро познат факт е дека сите коишто ја напуштаат црквата, не смеат да контактираат со нејзините членови.
Во 2016 година, Radar Online сподели дека Кејти Холмс и Том Круз направиле таен договор по разводот.
Со овој договор, актерот ѝ забранил на Кејти да зборува за разводот, а ѝ забранил и да има врска во наредните пет години.
И, Кејти Холмс навистина не беше во никаква врска во тој период.
Кога станува збор за нивната ќерка, изворите тврдат дека Кејти го поднела барањето за развод во Њујорк, бидејќи така имала многу поголема шанса да добие целосно старателство.
На овој начин, таа можела целосно да ја оттргне Сури од црквата и скиентолошкото училиште во коешто учела.
Кејти била свесна дека претходната сопруга на Том – Никол Кидман – нема никаков контакт со нивните деца и не сакала и таа да се најде во иста положба.
„Никол Кидман воопшто не е блиска со нејзините деца, а Кејти нема да дозволи да биде оттргната од животот на Сури. Постарите деца на Том се посветени на татко им и скиентолошката црква, а Кејти го гледаше ова од прва рака, па тоа е една од причините зошто побара целосно старателство.
Кејти не сака да има неважна улога во животот на ќерка ѝ, и подготвена е да се соочи со Том на суд. Нема да се откаже и ќе направи сè што е потребно за сама да ја воспитува Сури“ - сподели извор близок до Кејти додека траеше разводот.
На крај, Кејти доби целосно старателство, а актерот доби дозвола да ја гледа ќерка му.
Според TMZ, во договорот било наведено и до кој степен Том смее да зборува со Сури за неговата религија.
Друг извор, пак, сподели дека Кејти била исплашена кога Сури одела кај Том, па секогаш ја испраќала со обезбедување.
„Кејти инсистираше дадилките и телохранителите на Сури секогаш да ја придружуваат кога го посетува Том. Сури е најважниот приоритет на Кејти. Во домот на Том сите вработени се скиентолози, па Кејти сакаше со ќерка ѝ да испраќа нејзини вработени.
Според нивниот договор, Сури не смее да слуша ништо за скиентологијата и Том не смее да ја носи во црквата, на прослави организирани од црквата и слично“.
Покрај сето ова, Том плаќал алиментација од 400.000 долари месечно и бил задолжен за трошоците за образованието на Сури.
Иако актерот секогаш плаќал навреме, со текот на времето, тој се оттргна од животот на Сури, и тоа не по негова желба.
Наводно, црквата не му дозволувала да ја гледа бидејќи Сури не е скиентолог.
Наскоро, Сури ќе наполни 17 години и веќе почнала да аплицира на колеџи, а според мајка ѝ, таа сака да студира моден дизајн.
Спирова С. | Црнобело