Потекнува од богатото семејство Ротшилд, помина 100 дена на Арктикот – кој е новиот (потенцијален) дечко на Анџелина Џоли?
Во тинејџерските години тој беше професионален јавач на коњ, пред да се откаже од хобито за да се фокусира на образованието.
„Сфатив дека во животот има многу повеќе од тоа да минувам часови и часови на коњ“, сподели тој подоцна во интервју за The New Yorker.
Тој има завршено неколку факултети – политички науки и информациски системи, а во 2002 година се запиша и на медицински факултет во Лондон.
Во 2006 година, Дејвид беше на 100-дневна експедиција на Арктикот. Во овој период, тој го помина целиот континент, од Русија до Канада.
Претходно, тој го посети и Антарктикот и стана еден од само 42 луѓе кои ги посетиле и двата пола на Земјата.
Тој е и најмладиот Британец кој може да се пофали со овој подвиг.
По експедициите, тој ја основаше организацијата Adventure Ecology која се фокусира на климатските проблеми.
Во доцните 2000-ти, Дејвид почна повеќе да се ангажира за заштитата на планетата и тргна на мисија да ја зголеми свесноста за загаденоста на океаните.
Милијардерот пловеше низ Тихиот Океан со брод направен од рециклиран отпад, а притоа посети и други дестинации кои се засегнати од климатските промени.
Дејвид има отидено и на експедиција во Еквадор со цел да ја зголеми свесноста за штетата што ја прават нафтените компании во дождовните шуми на земјата.
Низ годините, Дејвид основаше неколку фондации и непрофитни организации со цел да ја заштити природата.
Тој има освоено и неколку награди и признанија – го нарекуваат „Климатски херој“, беше прогласен за Маж на годината од страна на GQ Magazine, а доби и признание од National Geographic за неговите подвизи.
Сега се претпоставува дека токму активизмот му помогнал да се зближи со Џоли, па останува да видиме дали станува збор за соработка или помеѓу парот навистина има нешто повеќе.
Спирова С. | Црнобело