Потекнува од богатото семејство Ротшилд, помина 100 дена на Арктикот – кој е новиот (потенцијален) дечко на Анџелина Џоли?
- Детали
- понеделник, 27 март 2023
Анџелина Џоли беше одлично расположена во друштво на Дејвид Ротшилд – милијардер од најбогатото семејство во светот кој е познат по еколошкиот активизам. Не е познато дали помеѓу нив има нешто романтично, но актерката не ја тргаше насмевката од лице за време на средбата која наводно траела над три часа.
Кон крајот на минатата недела, Анџелина Џоли беше забележана на ручек со милијардерот Дејвид Мајер де Ротшилд во Малибу, Калифорнија.
На фотките споделени од Page Six, 47-годишната актерка изгледа одлично расположена во друштво на богатиот наследник и речиси воопшто не ја тргна насмевката од лицето.
За пригодата, таа избрала едноставен долг црн фустан, во комбинација со црни штикли.
44-годишниот милијардер, пак, беше во полежерно издание со панталони, џемпер и сако.
Не е познато дали Џоли и Дејвид се во врска или ручекот бил деловен, но според изворите, тие поминале повеќе од три часа заедно.
И актерката и милијардерот се активисти, па сосема возможно е овие интереси да ги зближиле.
Инаку, Дејвид потекнува од едно од најмоќните и најбогатите семејства во светот – Ротшилд – и неговото богатство се проценува на околу 10 милијарди долари.
За разлика од повеќето членови на семејството кои се посветиле на банкарството, Дејвид одбра поавантуристички живот.