Исхраната на децата треба да биде разновидна. Здравата исхрана е најважна за време на детството, заради брзиот раст, развој и зголемената активност. Разновидноста на дневното мени е вториот предуслов за снабдување на детскиот организам со сè што е потребно. Исхраната треба да вклучува житарки, меѓу кои е лебот, месо, млечни производи, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, сето тоа е потребно за детскиот брз и интензивен раст.