Јасмина Апостолоска од ИутеКредит: „Следењето и плаќањето на кредитот е полесно од кога било преку апликацијата MyIute“
- Детали
- среда, 26 мај 2021
„ИутеКредит Македонија е компанија која успешно функционира на македонскиот пазар од 2017 година и добро ја има зацврстено својата позиција, а главниот фактор за ова е што клиентите ја препознаваат нашата посветеност и професионалност и затоа и ни веруваат“, вели Јасмина Апостолоска, Head of Marketing во ИутеКредит Македонија.
ИутеКредит Македонија е успешна деловна приказна која функционира веќе четврта година по ред. И во време на пандемија тие го пронајдоа рецептот за успех, но и рецептот за тоа како да им го олеснат животот на своите клиенти, без разлика на околностите.
ИутеКредит Македонија е финансиско друштво кое постои на нашиот пазар од 2017 година и нуди брзи потрошувачки и наменски кредити, а нивните производи се направени да соодветствуваат на желбите на клиентите и да им овозможат да стигнат до потребните средства на најбрзиот и најкомфорен начин.
Поразговаравме со Јасмина Апостолоска, Head of Marketing во ИутеКредит Македонија, која ни пренесува како изгледа начинот на функционирање на оваа компанија, кои се новостите кај нив, но и кои се нивните цели во иднина.
Како успевате да бидете компанија со постојан раст и тоа во време на пандемија? Што сè правите за работата да се одвива непречено?
Прилагодувањето кон новонастанатите услови на живеење и работење беше клучно за успехот на ИутеКредит, дури и во период на светска пандемија. Она што го направивме како компанија беше пред сè да се грижиме за здравјето на нашите вработени и нашите клиенти.
Во однос на вработените, овозможивме да се чувствуваат сигурно во однос на условите за работа и во однос на фактот дека нивното работно место е безбедно и нема да го изгубат. За клиентите изнајдовме начини тие да дојдат до она што им е потребно без притоа да мораат да го напуштат домот – ставивме уште повеќе акцент на постоечкото онлајн аплицирање и електронско потпишување на договор за кредит, обезбедивме достава до домот на клиентите на нашата ИутеКредит Mastercard картичка, ја развивме мобилната апликација MyIute, а креиравме и дополнителни производи кои сметаме дека им се потребни на нашите клиенти, како на пример кредитот за рефинансирање и кредитот за пензионери.
Клиентите ја препознаваат нашата посветеност и професионалност и затоа и ни веруваат.
Колку Македонците покажуваат интерес за микрокредитирање? Какви кредити нудите?
Микрокредитирањето сè уште е застапено во мал процент во рамки на вкупното кредитирање во земјава, но гледаме дека интересот се зголемува, особено заради сите новитети кои ги воведуваме со кои процесот на апликација, следење и плаќање на кредитот е навистина брз и едноставен.
Во моментов нудиме кеш кредит до 180.000 денари на 4 години отплата, како и наменски кредит до 120.000 денари на 24 рати кој може да се искористи за купување на производи кај нашите трговски партнери.
Дополнително, кај дел од партнерите кои имаат онлајн продавници, ИутеКредит е имплементиран како опција на плаќање преку E-shop решение, па купувачите може на самиот сајт додека го бираат производот кој им е потребен да аплицираат за кредит.
Колку време е потребно за замислата на клиентот да земе кредит од ИутеКредит да стане реалност?
Процесот од апликација до одобрување и исплата на средствата е 15 минути.
Што е потребно за еден клиент да земе кредит од кај вас?
Клиентите кои аплицираат за да може да земат кредит треба да се вработени, хонорарци, пензионери или да имаат други евидентирани приходи. Документацијата која е потребна е навистина минимална, доволни се лична карта или пасош на барателот на кредит.
Во време кога темпото на живеење е брзо, носиме инстантни одлуки и немаме време за долгорочни банкарски процедури, ИутеКредит звучи како одлична опција. Покрај брзината, кои се другите ваши силни страни?
Брзината е важна за реализирање на нашите услуги, но сметам дека има и дополнителни клучни фактори кои нè прават да бидеме лидери на пазарот. Тука е транспарентноста, со која секој клиент јасно и разбирливо е информиран за сите трошоци за неговиот кредит, како и важноста за навременото плаќање на обврските.
Иновативноста во нашето работење е секогаш насочена кон изнаоѓање на најкомфорните решенија за нашите клиенти. Како што веќе спомнав, дел од таа иновативност е мобилната апликација MyIute која е единствена од овој вид на пазарот кај финансиските друштва, Е-shop решението за онлајн плаќање со наменски кредит, како и безкартичните банкомати кои наскоро ќе бидат дел од нашите експозитури.
Достапноста и корисничката поддршка од нашиот тим секој ден за време и после работното време, за викенди и празници е дополнителен адут на нашата компанија. ИутеКредит Mastercard е единствената картичка на финансиско друштво во Македонија, и партнерството со овој светски познат финансиски бренд уште еднаш го потврдува квалитетот на нашето работење.
Важите за еко пријателска компанија, а една од вашите акции е поволни кредитни услови за набавка на велосипед. Има ли интерес за ова, каков е одзивот за ваквиот тип на кредити?
Точно, нашата компанија е еко-пријателска и затоа преку нашите кампањи сакаме да делуваме и на колективната свест за заштита на природата. Велосипедот како превозно средство е еден од начините да се намали загадувањето и да се остане во добра физичка форма, па затоа и одлучивме рекламната кампања за месеците април и мај да биде поврзана со една ваква порака.
Иако ние не можеме да знаеме за кои цели точно нашите клиенти ги користат средствата од кредитот, се надеваме дека ги инспирираме тоа биде за подобро живеење на сите нас.
Што претставува картичката IuteCredit Mastercard, што сè можат клиентите да направат со неа?
ИутеКредит Mastercard постои од септември 2019 година, а оваа година картичката доби и ре-дизајн. Деновиве броиме 22.222 издадени картички што е навистина значајна бројка за нас.
Во месец март ги наградивме корисниците на картичката кои направија најголем број на трансакции на неделно ниво и доделивме вкупно 30 подароци.
ИутеКредит Mastercard може да се користи за подигање готовина на банкоматите во земјава и странство, за плаќање на ПОС терминали, за онлајн купување, за плаќање на сметки и други административни трошоци… Со неа средствата на одобрениот кредит се достапни 24/7.
Вашата нова мобилна апликација има одличен дизајн и е навистина прегледна. Какви се реакциите од клиентите?
Мобилната апликација MyIute е одлично прифатена од клиентите, досега имаме повеќе од 6.000 преземања на апликацијата која е достапна на Google Play и App Store.
Она што е навистина одлично е што целиот процес за апликација, следење и плаќање на кредитот е во рацете на клиентите, односно тие сами можат да направат сè, без обемна документација и чекање на редици. Корисниците на нашата апликација секогаш добиваат поволности и персонализирани понуди.
Купи сега, а плати подоцна звучи примамливо, кажете ни нешто повеќе за Shop with Iute услугата, каков е овој вид на плаќање?
Оваа услуга е дел од апликацијата MyIute и е поврзана со наменските кредити кај мрежата трговски партнери. Shop with Iute овозможува нашите клиенти да одат на шопинг само со својот мобилен телефон, односно по изборот на производот кој им се допаѓа барањето за кредит да го поднесат преку мобилната апликација.
Купи сега, плати подоцна е концепт со кој кај дел од трговците клиентот може веднаш да го добие саканиот производ, а да почне со отплата на 3 до 6 рати од следниот месец.
За пензионерите обично процедурата за земање кредит е отежната во банките, но какви поволности добиваат тие кај вас?
Пензионерите кај нас може да аплицираат за кредит со 75 години и 364 дена, што значи го отплаќаат до скоро 79 години. Во банките и другите финансиски институции возраста е најголемо ограничување, бидејќи границата е значително пониска од нашата.
Зошто секоја компанија треба да работи на будење на општествената свест кај луѓето? Колку сметате дека сте успешни на ова поле како компанија?
Активноста на една компанија во општествено одговорни проекти говори многу за нејзината професионалност и сериозност. За ИутеКредит Македонија ваквите активности се дел од мисијата во работењето и токму затоа сме активни на неколку различни полиња со разновидни проекти.
Дел од нив се наменети се во делот на здравството (донација на заштитна опрема за здравствените работници и крводарителска акција на нашите вработени), дел се во сферата на образованието (доделуваме додипломски и постдипломски стипендии на Универзитетот Американ Колеџ), дел во областа на спортот (поддржуваме неколку спортски клубови во земјава). Дополнително, оваа година имаме соработка и со организацијата СОС Детско Село со која организираме различни активности за нивните штитеници, а во кои се вклучени и нашите вработени. И секако, да не ја заборавиме акцијата со Пакомак, со кои поставуваме дрвени клупи за друштвени игри на неколку места низ Македонија.
Колку експозитури имате и што сè прави компанијата за да ги заштити клиентите во време на пандемијата? Кои услуги им се достапни онлајн?
Со отворањето на најновата експозитура во скопската општина Аеродром, вкупната бројка на експозитури на ИутеКредит во Македонија е девет, од кои четири се во Скопје. Нашите експозитури работат по сите протоколи за заштита на клиентите, што значи дека само ограничен број на луѓе може да бидат во просторијата во одреден момент, во зависност од квадратурата. Дистанцата од најмалку 2 м, дезинфекцијата на раце и носењето на маски е задолжително, како за нашите вработени, така и за посетителите.
Кои се вашите планови и идни проекти за 2021 година?
До крајот на годината ќе бидеме активни како и до сега. Следен наш проект кој е во фаза на имплементација се безкартичните банкомати, со кои подигањето на кеш кредит ќе биде уште поедноставно. Ваквите банкомати ќе бидат поставени во експозитурите на ИутеКредит и по одобрувањето на кредитот, клиентите ќе можат многу едноставно да ги подигнат своите средства.
Дополнително, ја активираме и програмата Кеш Партнер, преку која во продажните места на нашите кеш партнери низ Македонија, клиентите ќе имаат можност да аплицираат за кеш кредит така што ќе ги доближиме нашите услуги уште повеќе до корисниците.
Ќе следат и уште многу интересни активности за кои секако ќе бидете известени.