Улица во Белград именувана по Драган Сакан, еден од основачите на агенцијата Њу Момент

Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од смртта на Драган Сакан, пионер на маркетингот на Балканот и основач на креативно размислување во Србија и земјите од регионот, градот Белград доби улица со неговото име. Посветувањето улица на еден „маркетинг волшебник“, како што сѐ уште го нарекуваат Сакан, е признание и за целата комуникациска фела бидејќи ова е прва улица именувана по човек од маркетинг професијата.

ulica-vo-belgrad-imenuvana-po-dragan-sakan-eden-od-osnovachite-na-agencijata-nju-moment-01.png

Драган Сакан, кој е роден на 19 јули 1950 година, беше визионер кој веруваше дека идејата е најсилната валута. Тој е еден од основачите на маркетинг агенцијата New Moment New Ideas Company, една од најнаградуваните маркетинг куќи на Балканот, која денес успешно ја водат неговите синови Жарко Сакан и Лазар Сакан.

ulica-vo-belgrad-imenuvana-po-dragan-sakan-eden-od-osnovachite-na-agencijata-nju-moment-02.jpg

Сакан воведе светски стандарди во маркетингот и дизајнот на поранешните југословенски простори. Тој е еден од првите креативни директори во Источна и Централна Европа, а во долгогодишната кариера беше претседател и член на многу жирија на фестивали ширум Европа и светот, како и идеен творец и продуцент на многу проекти од различни општествени, социјални и креативни области.

Реномираниот магазин Advertising Age од Вашингтон го опиша како „речиси митска личност, човек кој пропагандата ја трансформираше во рекламирање во регионот“. За Драган Сакан е пишувано во книгите „Како успеавме: 13 легенди за југословенскиот бизнис“, „Најсветлите духови на Србија“, „Култни ликови на Белград“, „Кој е кој во Србија“, а самиот тој е автор на три книги: „Убава жена“ (1996), „Нова комуникација“ (2005) и „Жена со нова идеја - мојата професија е Драган Сакан“ (2010). Добитник е на бројни домашни и интернационални награди, меѓу кои е и наградата за животно дело на UEPS, Белград во 2000 година.

Животната, но и професионалната филозофија на Драган Сакан се засноваа на постулатите „Идејата е најсилната валута“, „Ништо не се постигнува ако претходно не се сонува“ и „Најдобро се гледа со срцето“. Неговиот визионерски дух и идеи инспирираа многумина и продолжија да живеат низ сите оние кои го почитуваат и го следат неговиот пат.

Компанијата „New Moment New Ideas“ го реализираше сонот на Сакан по неговата смрт на 3 октомври 2010 година, освојувајќи 10 Кански лавови од 2013 година до денес.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg