Побрзајте! Пријавете се за трката HalkEco Скопје Трча 10КМ

Уште четири дена можност за пријавување на трката HalkEco Скопје Трча 10КМ. Сојузот на спортови на Град Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје и насловениот спонзор HalkBank, ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето кои сѐ уште не се пријавиле, да го направат тоа најдоцна до петок,  4ти јуни 2021 година.

pobrzajte-prijavete-se-za-trkata-halkeco-skopje-trcha-10km-01.jpg

Долгоочекуваната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ, по една година пауза, ќе се одржи на 13 јуни 2021 година. Стартот и целта на трката се планирани да бидат на булевар Илинден, во близина на фонтана Лотус, со што ќе се трча по булевар Илинденаска и дел од булеварот Партизански Одреди.

Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите, а тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови, според таргет времето кое го имаат избрано. Во секој стартен бокс ќе мора да има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката.

За подетални информации поврзани со трката и пријавувањето, посетете ја веб страницата на HalkEco Скопје Трча 10КМ

pobrzajte-prijavete-se-za-trkata-halkeco-skopje-trcha-10km-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg