Марко Пејчиновски, малиот херој – рекордер за својата светла иднина: „За 10 години ќе пливам кон победа!“

15-годишниот Марко Пејчиновски, кој во 2018 година го преплива Охридското Езеро во вонредни здравствени услови и стана заслужен граѓанин на Охрид, е еден од хероите во новиот видеосеријал на Халкбанк. По повод 10-годишнината од своето постоење на македонскиот пазар, Банката избра 10 херои што со својата амбиција и храброст ја прават иднината посветла за сите.

marko-pejchinovski-maliot-heroj-rekorder-za-svojata-svetla-idnina-za-10-godini-kje-plivam-kon-pobeda-01.jpg

Погледнете го првото видеопрвото видео во кое храбриот Марко, охридската и македонска гордост, зборува за своите надежи и соништа за посветла иднина во следните 10 години.  Да го поддржиме Марко во своите планови, светли како охридското изгрејсонце!

Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар.

Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg